Новиот мејкап-тренд на ТикТок е идеолошки

„Unapproachable makeup“.

Трендот „ги охрабрува“ луѓето што го носат да ја ослободат нивната самоуверена (и застрашувачка) страна, за да ги обесхрабрат несаканите додворувања од језиви мажи. Според основачите на трендот, имаме драматичен туш на очи, дефинирани образи и темни усни, изглед што не би им бил удобен на сељаци и мачо-типови.

Изгледот е намерно храбар и драматичен, со силно контурирање, со намера да се создаде моќен изглед - очи како сирена, впечатливи кармини - и ако сакате ептен да плашите луѓе, можете и да ги избелите веѓите.

Популарноста на трендот не е само површинска - луѓето експериментираат со шминка и креативно се изразуваат. Некои експерти велат дека има и велнес елемент во ова - да се шминкаш со единствена намера да бидеш самоуверена и страшна за сељачишта самото по себе влијае на самодовербата. Тоа што во меѓувреме и се одлучуваш за свој, уникатен стил е само бонус.

@lenkalul pov: you finally learned how to do the ‘unapproachable makeup’ 🖤 AD using products from @boxycharm & @IPSY 🫶🏼 products i used: @Laura Geller Beauty soft satins eyeshadow palette @tarte cosmetics shape tape glow wand concealer @HausLabs le monster lip crayon in berry matte #makeup #unapproachable #unapproachablemakeup #makeupvideos #makeuptutorial #eyeliner #eyelinertutorial #makeuphacks #makeuptransformation ♬ only you darling - francis。𖦹°‧★

Ако ви се пробува, почнете со паметна рутина за нега на кожа, и пред шминката ставете прајмер, за да трае подолго. Пудрата нека биде скроз покривна и беспрекорна и можете да ставите пудра во прав за да изгледате како да има филтер на вас.

Контурирањето нека ги истакне јаболчниците, носот, челото и вилицата.

Сенката нека биде неутрална, внимание тука се обрнува на моливот/тушот за очи. Нека биде остро, продолжено и темно. Битни се веѓите - можете да ги кренете повисоко со гел или молив и на крај, трепките исто така треба да бидат впечатливи.

На уста - виолетови или длабоки црвени нијанси.

Филозофијата зад сето ова е дека изгледате и се чувствувате моќно. А само сељаци мразат моќни жени.

15 ноември 2023 - 10:23