Улицата што ќе го носи името на Боуви е нова во тој кварт и создадена е како дел од големото преуредување на тој дел од градот. Во близина се наоѓа библиотеката Франсоа Митеран.
Поврзаноста со Париз е уште од 1965. Тогаш имал 18 години и таму го има изведено првиот концерт, со неговиот бенд, The Lower Third.
Освен отварањето, Париз имаше спремено и други активности во соработка со новинарот Жером Солињи кој многу пати го има интервјуирано Боуви - концерт на Клифорд Слапер и изложба на слики.
Инаку, на Боуви му е ова прва улица - своја улица нема добиено ни во Брикстон, лондонскиот кварт каде што е роден. Наместо тоа, Брикстон му има посветено неколку мурали на различни локации во рамките на квартот, изработени од Австралијанецот Џејмс Кокран. Мурали има и во други краеви од светот, меѓу кои и еден во Сараево, висок 13 метри.