Најскапите кармини на светот

Три се, и нема кој да каже дали ги бива.

Додека ние се чудиме кој дава неколку илјади денари на кармин, на трето место во оваа прилика гордо стои карминот Dior Rouge Premier, со колекција од 12 нијанси на црвено.

Во него има хибискус и микро-честички од 24-каратно злато и мермерна амбалажа, фала богу refillable. За полуксузно чувство, парфимиран е со бергамот и црн чај.

Цената му е 500 евра. Од прилика.

На второ место, по цена далеку пред овој е Guerlain KissKiss Golden Diamond  - со 110 грама 18-каратно злато, украсен со 199 дијаманти од по 2,2 карати.

Можеш да го персонализираш со камења по избор, како рубини и смарагди и да си го купиш за само 62.000 долари.

И на прво место, убедливо најскап на светот - H Couture Beauty Diamond, направен од 110 грама чисто злато и амбалажа опточена со дијаманти, со опција да гравираш краток текст или лична порака. Доаѓа со четка и може да се дополнува доживотно, бесплатно (пак, фала богу).

Цена? Права ситница - 1,4 милиони долари. А нема ни доволно добра слика на интернет:

Замисли да не ти се погоди нијансата баш!

Него, имаше едни кармини на Голден Роуз јаки…

2 јануари 2024 - 11:04