Како телата складираат траума?

Психијатарот Бесел ван дер Колк, автор на The Body Keeps the Score („Телото запишува“) го дискутира раширеното постоење на траумата и како таа се вгнездува во нашите тела.

Ван дер Колк проучува траума 50 години и без разлика што едно време мислевме дека траумите се резервирани за воени ветерани и луѓе што растат во екстремни услови, сега знаеме дека на секого може да му се случи. И не само што ја има во секоја пора на општеството - ја носиме и во телото.

Природата на траумата е дека едно искуство влегува во нашите уши, во кожата, очите и завршува во многу примитивн дел од мозокот што автоматски интерпретира што се случува. Настанот станува трауматичен кога не можеш да направиш ништо за да го избегнеш неизбежното и телото автоматски влегува во состојба на борба/бегство/колапс. Она што останува од траумата е дека почнуваш да реагираш на ситни предизвикувачи на стрес исто како да ти е животот во опасност и добиваш тенденција да станеш хиперактивен - да реагираш бурно на нервози во супермаркет, или да пцуеш додека возиш, да имаш потешкотии да се воздржиш пред партнерот и децата. И повеќето луѓе едвај се свесни (или воопшто не се) дека нивните реакции имаат корен во стари искуства. Тој некогашен настан завршил, но ти продолжуваш да реагираш како да си во опасност.

Големиот предизвик е како да им се помогне на луѓето да живеат во тела што се фундаментално безбедни.

26 декември 2023 - 09:55