Во интервју за Гардијан, Џоди Фостер изрази една блага разочараност во работните навики на зумерите.
„Многу нервираат, особено на работно место,“ вели таа. „Знаат да кажат, не, не сум за ова денес, ќе дојдам во 10ипол. Или во мејлови, полни се со граматички грешки и ќе прашам не го провери пред да го пратиш? И одговараат, зошто да го правам тоа, нели е тоа ограничувачки?“
На социјалните мрежи ова добива еден куп реакции, главно од слични паталци.
Работам со 20-и-кусур-годишни, ми треба преведувач.
Користат запирки наместо точки и никогаш не ставаат прашалници.
Генерација Икс е единствената нормална генерација.
И едно исто така точно:
Во право е. Ама знаете кој е повеќе во право? Младите што доаѓаат во 10ипол кога не им се доаѓа баш. Ние што сме научени да работиме до бесвест и да се жртвуваме за фирмата сме излажани. Зумерите се попаметни од нас.
Сепак, Џоди Фостер не беше „комплетна баба“ во интервјуто, напротив - ја испофали Бела Рамзи, која има 20 години и е небинарно лице. Ја побарала да ја праша дали ќе сака да ја претстави на настан на Ел Магазин.
„Ја контактирав затоа што не се познаваме и ѝ реков, сакам да ме претставиш на еден настан, а е прекрасен настан за актери и луѓе во филмот, но и моден настан. Што значи, важно е кој нѐ претставува,“ објаснува Фостер.
Организаторите биле многу горди на себе затоа што имале гости од секој етникум, но сите биле во штикли и вештачки трепки, па Фостер сметала дека има и други начини да се биде жена и дека луѓето треба да го видат тоа.
„А Бела која одржа најдобар говор носеше совршен костум, прекрасно скроен, косата ѝ беше на патец и немаше шминка.“