А порано наградните церемонии беа вакви

Може така ни се чини, а може и треба да си признаеме дека порано беше поинтересно, погледливо и посмешно.

Некој се сетил да собере шеги од церемонии за доделување награди што уште држат вода и излегува дека и најслабата е светлосни години далеку од она што се случи на последните Златни глобуси.

На пример, говорот на Стив Карел што тврдеше дека му го напишала жена му:

Или начинот на кој Тина Феј и Ејми Полер му ја доделија наградата за животно дело на Џорџ Клуни:

„Џорџ Клуни се ожени за Амал Аламудин оваа година. Амал е адвокат за човекови права што работеше на случајот Енрон, го советуваше Кофи Анан за Сирија и беше избрана во тричлената комисија на ОН за истражување на правилата за воени престапи во појасот Газа. И вечерва, нејзиниот сопруг добива награда за животно дело.“

Не го пуштаа и некоја година претходно, кога ја објавија номинацијата за „Гравитација“ и рекоа дека е филм за тоа како Џорџ Клуни би плутал по вселената и би умрел, само за да не помине уште една минута со жена што е на негова возраст.

Били Кристал ги водеше Оскарите девет пати, а во монологот во 2012 го кажа ова:

„Затоа вечерва уживајте. Затоа што ништо не ги олеснува светските економски проблеми како гледање милионери што собираат златни статуетки.“

Џими Кимел одлично го вклопи актуелното #MeToo во монологот:

„Оскар е најсаканиот и најпочитуваниот маж во Холивуд и има многу добра причина за тоа. Погледнете го. Рацете му се на видливо место. Никогаш не кажува лош збор. И што е најважно, нема пенис. Ни требаат повеќе такви мажи во градов.

А еве колку нема појма Холивуд од жени: Направивме филм со наслов „Што сакаат жените“ и главна улога беше Мел Гибсон.

И Рики Џервејс го има умрено Мел Гибсон, ама за пиењето алкохол, а во во 2010 го изруга Холивуд што глумците ги става над сите учесници во филмот:

„Сите знаеме дека сценаристите се преценети во Холивуд, а тоа е поради љубезноста на актерите понекогаш да ги спомнат… Не сакам да зборувам и понатаму за актерите, ама тие се најважни, во ред? Не се работи за зборовите што ќе ги кажеш. Се работи за тоа колку добро изгледаш кога ќе ги кажеш.“

Или, кога Нил Патрик Харис ја претстави Дакота Џонсон:

„Следната презентерка не е само ѕвезда на кршачот на рекорди за најпосетена премиера во февруари, ‘Педесет нијанси сиво‘, истовремено е и причината зошто на баба ви моравте да ѝ објаснувате што е клупа за плескање.“

Меги Смит досега е номинирана 9 пати за Еми, а има добиено 4 награди. И никогаш се нема појавено на доделувањето. Од еднаш, кога водеше Џими Кимел:

„Овој пат ќе биде поинаку. Оваа година, прв пат, ќе морате да бидете присутни за да добиете награда. Ако ви го кажеме името и не сте присутни, Еми-то ќе отиде кај следниот човек на списокот. Се вика „правилото Меги Смит“… Номинирана е девет пати, а има победено три. Колку пати мислите дека се појавила да земе Еми? Така е, ниеднаш. Оваа година имала час по керамика од кој што не можела да излезе.“

И Сет Мајерс за непотизмот, а богами и за „Слушнавте за Вилијам Дефо?“:

9 јануари 2024 - 13:36