Најдоброто од модната недела во Копенхаген

Јануари во Копенхаген значи ветер и дожд, но февруари носи модна енергија што според ај-ди.вајс „Можеше да се почувствува на допир“.  На модната недела во Копенхаген, брендовите учесници мораа да исполнат минимум 18 стандарди за одржливост, како на пример - користење најмалку 50% од избраните материјали, забрането пакување за една употреба, никако крзно и нула-отпад. Вака, модата уште пофино звучи.

Семеен бизнис на денот

Колку генерации ја држите вашата семејна фирма? Три? Пет? Пробај педесет и две.

Џими Чу пушта соработка со Сејлор Мун за Св. Валентин

Вест што модните ентузијасти ја прифаќаат со интерес, и колекција што посветените фанови на Сејлор Мун најверојатно ќе ја пречекаат во шатор пред врата, или наапани пред компјутер за нарачки.

Модна инспирација: Алекса Чанг

Алекса Чанг е it-girl на 21 век; ниедна друга миленијаска модна икона не влијаела толку широко и толку трајно. Кариерата ја почнуа околу 2005, како модел за реклами, па како презентерка на телевизија. До 2008 веќе станува интернационална, како глобална стилска икона поради специфичните модни избори и заразниот карактер. Нејзиниот стил го дефинираше периодот од 2000 до 2010. Сега е моден уредник во Британски Вог и има сопствен моден манифест со наслов It. Како и нејзиниот идол, Џејн Биркин, името го позајмува и на една од најбараните ташни на новата ера - Mulberry Alexa. Овде ја имавме и нејзината, а овде ја шминкаше Лиса Елдриџ.

После првата епизода од „Ти“

„You“, барем првиот дел од четвртата сезона, дојде на Нетфликс и веќе имаат сменето формула. И одма е интересно (после многуте беспредметни, залудни обиди во хиперпродукцијата на стриминг платформите).

Во одбрана на Денот на вљубените

Пред да го запознаам мојот сопруг, на Св. Валентин гледав како дупка за трошење пари спонзорирана од Халмарк. Всушност, се бунтував против денот. Моето друштво посветено инвестираше во кринџ-от, со купување кутии чоколади и плишани мечиња со срциња место очи - јас се трудев да го правам токму спротивното - динар да не дадам на глупости.

Би ги носеле чизмиве?

Тенка е линијата меѓу врв и Глупи Август. Ама ова повеќе влече накај врв. Или не?

Што има кај Памела Андерсон во ташна?

Британски Вог ѕирка (сосе нас) во ташна кај Памела Андерсон, која на сечие големо задоволство се враќа на голема врата, и со документарец и со автобиографија.

Хелена Бонам Картер: „Имам многу проблеми, но како што старееш станува сеедно“

Актерката зборува за улогата на Ноел Гордон, за кога гледала како Вуди Ален отпуштал луѓе и за клучот за разбирање на принцезата Маргарет.

Бен Афлек е сите дечковци и сопрузи измкнати на настан

Знаеш она, кога ќе си легнеш пред телевизор да правиш НИШТО и да зјапаш, надвор ладно и глупо, внатре пријатно, те има фатено некое недружељубиво расположение и најлошо што можеш да замислиш е сега да излезеш и да се дружиш со луѓе - и жена ти ти вика, „Мораме да одиме.“? Е па, Бен Афлек.

Има ли пилот во H&M?

H&M повлече цела колекција на облека брендирана со Џастин Бибер откако пејачот на Инстаграм ја нарече ѓубре.

Треба ли да се дозволи жена без мозочна функција да биде сурогат?

Има филозофски труд, во кој идејата е жени кои се пред гасење апарати, значи со мртов мозок, да можат да се искористат како „рерна“.

Петар Пан доби тригер-предупредување

Trigger-warning е етикета што се става на теми (книги, филмови, видеа, објави, било што) што можат да ја вознемират публиката. И книгата „Петар Пан“ на Џејмс Метју Бари доби таква. Како ли сме живи ние што ја знаеме од 1911?

Why, why да се забрани Дилајла?

Хитот на Том Џонс од 1968 долго се смета за химна на велшкото рагби, но веќе нема да се изведува на меѓународни натпревари. Наредено им е на гостинските хорови да не ја вклучуваат песната во изведбите, а целата иницијатива ја поддржуваат и политичарите и полициските шефови.

Не му доцнете на Марк Џејкобс

Марк Џејкобс, освен што е цар, не трепка пред никакви „величини“, па макар биле во крвно сродство со Мадона.

Едно поинакво цртање на парчиња облека

Минималистички цртежи на облека - дело на уметницата Шира Барзилаи која себеси се нарекува „поетеса за цртежи“. Уште финоќи што успиваат и што одлично ќе ни дојдат и во плакар, има кај неа на Инстаграм.

Зошто така му правите на човекот?

Некои луѓе немаат грам почит за родители.

Едно од решенијата кога мораш да платиш авионска карта и за бебето

Еве, луѓево се снашле. Го оставиле на чек-ин и си тргнале накај пасошка контрола. Никој не рече дека е добро решение.

Сидни Свини ќе биде новата Барбарела

„Барбарела“ со Џејн Фонда добива римејк, со Сидни Свини во главната улога. И Џејн Фонда е нешто насекирана.

Како се дотерува максималист

Ви текнува дека до скоро сите се фатија за минимализам, па по земја седеа по дома, по една дрвена лажица имаа во кујна, а во плакар две маици и еден пар тренерки? Е па, тоа на извесна Сара Кампос ништо не ѝ значи.

Моден цар на денот

Прво ти е убаво на душата дека некој е толку посветен на мода + практичност што успева да направи одлично парче што потоа се преправа во две одлични парчиња. Второ, мажи, обрнете внимание. Не се само маици и бермуди на светов. А не се ни само мокасини со тесни фармерчиња до колена за дотерување.

Зошто чоколадото во Америка е толку одвратно?

„Вкусот е како пилевина удавена во шеќер и натопена во бебешка повраќаница. И има зошто.“

Откажаните како портрет на лик

Во Tár, Barbarian, и Glass Onion, има едно задоволство во гледањето како славните личности пропаѓаат.