Среќни животни, наместо огномет во Белград

Оваа година Белград нема да организира новогодишен огномет, туку парите наменети за тоа ќе ги уплати во друштва за заштита на животни.

Тоа го најавија властите кои се вклучуваат во иницијативите покренати од друштвата. Првиот човек на градските власти во моментов, Александар Шапиќ, вели:

„Сметам дека оваа иницијатива е добра и затоа градот одлучи да се придружи на градовите во Србија што веќе го имаат направено ова, како Ниш и Нови Сад. Парите обезбедени за новогодишниот огномет ќе ги уплатиме на организациите и друштвата за заштита на животните. Свесен сум колку во тој момент огнометот создава голема врева и колку тоа ги вознемирува и плаши животните. Сите што имаат домашни миленици знаат колку страшно го доживуваат тоа. Ова е добар потег и во симболичка смисла и затоа се придружуваме на иницијативата да се уплатат парите.“

Дали е отворање војна со бомбардирање, или обичен огномет, на животните им е сеедно - преплашени се.

Ние до кај сме по ова прашање?

20 декември 2023 - 11:57