Ким Кардашијан претера со украсите за Божиќ

Ким многу сака да украсува за празници, ама не така како што сите би очекувале. Пред некоја година напика џиновски тампони што требаше да личат на елки, а оваа година има наполнето када со кафеава течност што треба да личи на чоколадо, ама никако да потсетува на нечија несреќа со расипан стомак.

„Влегувам во бањата и што да видам,“ споделува Ким на стори на Инстаграм, божем изненадена. На клипот, шарени трошки по рабовите на кадата и чоколатца што пишуваат Е-Л-Ф.

„Елфовите направиле неред и Чарли и фабриката за чоколади овде,“ додава, со малку бесрамна промоција за новиот филм на дечкото на сестра ѝ (Тимоте Шаламе и Кајли Џенер се дечко и девојка, патем).

После гледаме када полна кафеава вода што не личи на топло чоколадо, иако Ким тврди дека е.

„Во пораката во кујната пишуваше дека не можеле да ги најдат шолјите, па топлото чоколадо е во кадата. Лудило. Ова е буквално Вили Вонка.“  Може па е договорено со Ворнер Брос? Само што, потоа ја згадува публиката кога ќе пушти чешма и тече вода во кафеавата течност. Не беше доста, па наредниот ден покажа и како елфовите сега се бањаат во топлото чоколадо.

Ќе се придружиме на желбите на Д Кат и ќе се надеваме дека тој што ја чисти кадата добива и бонуси за вакви работи.

Претходно Ким сподели и други декорации и изгледа од Канје наваму има некаков проблем со бои:

Подароците се завиткани во ткаенината што се користи за мидерите на Ким.

Барем е еколошки. 

25 декември 2023 - 12:51