Не знаеме за локално и за Вибер, ама по странство каде што се користи Ватсап - се користи сè помалку. На луѓето им станува премногу инвазивен и се вртат кон iMessage во потрага по поедноставна форма на допишување. Ватсап во моментов го „реновираат“, и може да добие помазен изглед, но тоа може да не е доволно за да му се врати се поголемиот број корисници што се вртат кон СМС.
Може ќе ви се види познато - британска експертка за односи, Клариса Блум, на пример, споделува дека има околу 300 пораки дневно од дванаесетте групи каде што ја има. Од самиот поглед кон Ватсап нотификација ѝ се темни и ја заболува стомак, како да испила огромни количини кафе, иако има мјутнато девет од групите.
„Претерано е стресно, макар и пораките да се пријатни и пријателски пораки од роднини и пријатели. Порано ми создаваше анксиозност бидејќи имав потреба инстантно да вратам и ми го рушеше ритамот. Истовремено, постојано пробував да читам пораки од нотификации, со по една реченица, за да не ги отворам и луѓето да видат дека сум прочитала, затоа што не можев на раат да гледам филм без цело време да гледам во телефон.“
Сето ова ја довело ненамерно да се врати на СМС кога купила нов телефон и не се ни помачила да симне Ватсап. Поопуштена е, не чувствува потреба да одговори веднаш и не го проверува телефонот нонстоп. А од работното искуство, вели дека Ватсап предизвикува проблеми и во односите на луѓето, бидејќи често слуша како се жалат дека партнерите не им одговараат доволно брзо. Според неа, очекувањето инстант-одговори може да ги наруши односите, иако „едната страна“ на пораките можеби работи нешто важно, или извршува активност што го спречува да држи телефон.
И кај СМС пораките иако сè уште важи тоа „инстантно“, луѓето како да не очекуваат итен одговор, како што очекуваат на другите платформи, каде што онлајн статусот ти е видлив.
Самот факт што СМС-пораките се една подзаборавена работа ги прави вродено попријатен начин на комуникација.
Ај да не ги упропастиме.