Нешто чудно ни се случува со вкусот за музика на 30

Има причина што сè уште сме закачени за истите бендови што нè воодушевиле на 14.

Едно ново истражување што го прави стриминг сервисот Дизер, прашува 1000 луѓе во Велика Британија какви музички желби и навики за стриминг имаат. Наодите велат дека луѓето имаат тенденција да искусат „музичка парализа“ на возраст од околу 30,5 - тогаш престануваат да слушаат нови музичари и жанрови и се држат до тоа што им е познато.

Музичкото откривање достигнува врв во просек на 24 години и пет месеци, иако кај жените ова статистички се случува година дена порано. На оваа возраст, речиси 75 проценти од прашаните велат дека ѕирнале 10 или повеќе нови песни неделно, а 64 велат дека ова го прават на месечно ниво. Околу 60 проценти мислат дека се во музичка рутина и се мачат да излезат од циклусот на пуштање едни исти артисти постојано.

Познато? Иако е ПР-анкета, сепак личи дека има некаква наука зад тоа. Ако ништо друго, не сме сами во одбивањето на секоја нова Тејлор Свифт.

19 декември 2023 - 10:39