Мажите треба да го разберат напорот да се биде „Мама Мраз“

Мајките работат прекувремено за празници за да бидат сигурни дека сѐ се купило, дека сите подароци се штиклирани од списокот, дека елката е накитена и децата се дотерани за сликање.

Нееднаквата поделба на обврските за празници не е ништо ново. Помислете на оркестрирањето подароци за наставничките, за бабите и дедовците, на целата таа организација. Зошто без разлика што е 2023, мајките мораат сами да бидат Дедо Мраз?

Ерин Паш, која работи како семеен и брачен терапевт, за PureWow вели дека тоа што празничните обврски и понатаму паѓаат на жената има корен во традиционалните родови норми според кои мајките се одговорни за децата и домаќинството. И ако сме фер, поврзано е со вродената способност на жените да ги завршуваат работите до крај.

Со други зборови, типично е за жените да планираат и да се секираат. Ова придонесува да преземат екстра товар и да се бават со секаква логистика, особено во случаи кога нивниот партнер не е скроен така. Паш вели дека најдобриот начин да се справиме со ова е да го смениме процесот на размислување и однесување и да разгледаме кои ни се јаките страни кога се работи за тоа како родителите можат да соработуваат за да разделат и да владеат за време на празниците.

Секако, еден треба да е главен, само што тоа не значи дека треба сè да работи. Накратко: Има потенцијал за промени сè додека двајцата имаат волја да напуштат статус кво.

Како би изгледало ова? Можеби е неделен „состанок“. Можеби мајката ќе го направи планот, но ќе ја делегира работата. Можеби е разговор каде што се пеглаат најголемите приоритети и нештата за кои не се преговара. А кога сме кај приоритетите, еден од најдобрите начини да се сведе емотивниот труд на мајката на минимум е да се праша што нејзе ѝ значат празниците. Или, како што вели терапевтката:

„Правете го тоа што ви е уживање, остатокот откачете го.“

Сепак, важно е и да им се каже на тие околу вас дека е време да преземат поактивна улога.

14 декември 2023 - 00:00