Авторката на „Сексот и градот“, на чијшто живот е базиран и ликот Кери Бредшо, била во врска со Џон Корбет. Раскинале од балкански причини.
При гостување во подкастот Бредшо Бојс, Бушнел открива дека еднаш била на вечера со Цон Корбет, актерот што го глуми Ејдан во серијата.
„Отидов на вечера со него, беше романтично, но цело време си мислев, мајка ми ќе ме убие.“
Бушнел никогаш не припаѓала меѓу навивачите на Ејдан (имаше Тим Биг и Тим Ејдан, и сè уште се ‘рчкаат по интернет), од повеќе причини, ама една од „потешките“ била затоа што мајка ѝ го мразела Ејдан.
Ова го има кажано и пред години, и тоа дека мислењето на мајка ѝ за Ејдан многу влијаело во одлуката Кери да заврши со Мистер Биг.
„Мајка ми од секогаш го мразеше Ејдан од некоја причина, па не можев да бидам на негова страна,“ рече Бушнел. „Кога и да одев кај моите дома, мајка ми ми викаше зошто е Кери со Ејдан, а не со Мистер Биг? Мора да го откачите Ејдан.“
Инаку, сѐ уште има луѓе што инсистираат и жолчно се расправаат дека Кери требаше во старт да остане со Ејдан, што на крај и
(спојлер)
им се оствари, само што мораше да добијат цела нова серија со проблематични мотиви.