Дури и втората сезона потфрли, иако беше подобра - едноставно, не им успеа да ја вратат оригиналната магија.
Зошто упорно така?
Во моментов личи на комплетно поинаква серија каде што ги има само Кери, Шарлот и Миранда, кои никако да покажат нешто со кое што човек може да се поистовети, или барем како на оригиналната серија да си рече „И јас вака.“, една од главните причини поради која што беше и гледана.
Овде има видео-есеј за што точно ја направи „Сексот и градот“ толку специфична серија, зошто „И едноставно така...“ ја отфрли испробаната формула и предизвика серијата да ја изгуби магијата и дали франшизата може да се искупи од проблемите што си ги направи.