Поточно, Генерацијата З - зумерите - ги отфрлаат апликациите и акциите на компаниите што ги држат паѓаат. Статистиката вели дека цели 79 проценти од избор на студенти не користат дејтинг-апликации редовно, а повеќе од половина ги сретнале партнерите без нив - на факултет, преку пријатели или случајно - како на времето. Остатокот од зумерите допрва ќе стануваат зрели за врски и излегува дека на апликациите не им блеска иднината.
Понатаму, големите компании исто тешко се снаоѓаат. Кога се појави Бамбл во 2021, акциите чинеа 70 долари - сега се ситни 14. На Меч Груп, компанијата што ги држи Тиндер и Хинџ акциите им пропаднаа за цели 68 проценти минатата година.
До неодамна и медиумите ги фалеа апликациите, но зумерите вестите ги добиваат преку социјални мрежи, а трачот преку ТикТок и Инстаграм. И таму каде што на компаниите не им успева, доаѓаат вистински мажи и жени со искрени, вистинити изјави и објавуваат реални приказни околу тоа што не е во ред со апликациите и како не водат до стабилни врски.
Миленијалците се за жал најповредени од оваа култура, затоа што оваа технологија излезе токму кога тие беа млади возрасни.
И ако нема апликации, што останува? Старите начини досега не потфрлиле, ама иднината носи и други варијанти: Има едно групно среќавање во живо, се вика The Feels и се купува карта и се дружиш со сингл луѓе. Ветува дека „спојува медитација, игри, рефлексии и соматски елементи како гледање во очи“. Има и клубови за сингл луѓе како еден во ЛА што се вика СоСо (Singles Only Social Club) со слоган: „Спријатели се, излегувај, најди ја љубовта на животот, па ќе те исфрлиме“.
Или, едноставно, сè уште не можеме да замислиме што може да се смисли во иднина, но тоа не значи дека треба многу да се секираме бидејќи луѓето како вид имаат многу моќни нагони - за храна, секс и социјализација. Затоа и нема да ни требаат апликации да се поврземе - 8 милијарди веќе се народија и без апликации, сигурно ќе ни текне како.