Насловот на видеото ветува дека откривањето на тајните „ќе ви се смени животот“. Во однос на нервозите околу „зошто не ми стојат“ и „зошто нема фармерки за мене“ - да.
Комшиите се веројатно разнебитени од трачарење, ама па како да игнорираш: Кратката верзија е дека мајката бега со дечкото на ќерката едно пет минути откако ќерката се породила.
„Типот ми пријде и ми рече, знам дека сакаш да бидеш инкогнито, но те препознавам, Семјуел Л. Џексон. Му реков, не, не сум тој. Тој рече, лажеш, но те разбирам. Сем има иста ваква приказна. “
Годината е ’92, местото е Париз а настанот е модната недела. Да се вратиме малку назад и да прошетаме низ некое друго време, кога ревиите не беа на Зум, а дизајнерите не беа принудени да смислуваат решенија како кукли.
Не зборуваме за фарбање во вообичаените бои, зборуваме за она што денешниве генерации го раширија како тренд: црвени, жолти, сини, и други чудни прамени и коси. Излегува дека не го рашириле, него само го вратиле и му направиле апдејт.
ХБО емитуваше документарен филм, на истиот принцип како за Мајкл Џексон, за Вуди Ален и случајот што неговата поранешна девојка Миа Фароу го отвори против него. Го обвини за сексуална злоупотреба на нивната заедничка посвоена ќерка Дилан Фароу, обвиненија што најмалку две независни институции и судови во две држави го отфрлија како неточни.
Инспирирани од „Framing Britney Spears“, луѓе почнуваат да прегледуваат стари интервјуа и да се гадат од лошиот третман што го добиваа жените во едно друго време.
Искушението кога сме загрижени е да ја насочиме нашата одлучна интелигенција кон обид комплетно да се подготвиме за сѐ што може да нѐ чека понатаму. Да го осиромашиме непознатото од неговите изненадувања - барајќи начин да ја контролираме иднината.
Дали холивудските „кралски“ семејства имаат влијание на тоа кој и дали ќе биде следна ѕвезда во индустријата? Порано беа имиња како Копола, Баримор и Фонда, сега веќе се Смит (на Вил), Робертс (на Џулија), па и надвор од филмот и музиката - Џенер (на Брус + роднини Кардашијан).
Собите претставени на славни сликарски дела не само што даваат поглед во животот и имагинацијата на уметникот кој ги создал - истовремено се и прозорец кон минатото.
Долго по нејзината смрт во 1954 година, името на Фрида Кало сѐ уште се спомнува - не само поради фасцинантната уметност, туку поради личниот стил кој е имун на времето и трендовите, а боите и визуелното богатство остануваат перпетуално во мода.
Додека вие ги следите политичките, културните и спортските вести од светот, ние овде ажурно се трудиме да го следиме глобалниот просечен коефициент на интелигенција што секој ден со сигурни чекори се движи во надолна линија, како што се појавува по уште една нова глуперда што се лепи себеси со супер-лепак самоиницијативно.
Прво, нели е бе, малку чудно да си и монах и могул? Нели могул треба да е спротивно од монах, и обратно? Нејсе, лажговци во светот на индустријата за само-помош има да ги ринеш со лопата, ама овој пат го имаме - Џеј Шети.