Зошто да се исели ќе прашате? Дека е зелено, пирсано и така натаму? Не, 2021 сме.
Девојката одбива да се вработи, тумара по дома целата „освестена“ (woke) и ја замара мајка дека ѝ се обраќа со погрешна заменка. Овде ќе претпоставиме дека тоа е затоа што мајка ѝ ѝ се обраќа во женски род, а она уредно си има смислено друг.
За шизофренијата што ја спомнува, само можеме да се надеваме дека ја има измислено. И судејќи по реакцијата на мајката („Имам шизофренија! - Многу ми е гајле.“), изгледа така ќе излезе.