Знаете кој орган е ова?

Би требало да знаете.

Француски истражувач се обидува да го промени начинот на кој се предава сексуалното образование и наскоро децата во Франција може да добијат можност да учат со помош на нов инструмент: првиот анатомски точен клиторис што може 3Д да се испринта.

Оваа нова алатка ја има развиено Одил Фило, социомедицински истражувач, а во надеж дека подобро ќе ги запознае момчињата и девојчињата со органот.

„Квалитетот на сексуалното образование во Франција никогаш не се оценил како што треба, а тие неколку истражувања што постојат не се ни доволни,“ вели Фило за Вајс.

Како што можете да видите, многу е поголем отколку што им се чини на некои луѓе.

Малкумина се свесни за ова, но пенисот и клиторисот се многу слични. Всушност, фетусите имаат исти гениталии до 12-та недела од бременоста, а потоа, истата структура се развива и се формира или клиторис или пенис.

Големината му е меѓу 5-11 цм, иако поголемиот дел е сокриен. Се зголемува со стимулација, исто како и пенисот, дури и искусува сопствен тип на ерекција.

Она што може да ги направи мажите љубоморни е што клиторисот при возбуда може да стане три пати поголем од својата оригинална величина. Многу чувствителен дел е во прашање, со 8000 нервни завршетоци, па имајќи го ова на ум, не е ни чудо што на повеќето жени им треба клиторална стимулација за да доживеат оргазам.

И, кога веќе разговараме за задоволство, за клиторисот се смета дека постои исклучиво од тие причини. Сепак, иако е многу малку истражуван, тие неколку студии покажале дека може да помага и на женскиот имунитет.

Ако сакате темелно да се запознаете, макетата е достапна овде.

Не треба фала.

23 април 2021 - 13:49