„Снежана и седумте џуџиња“ е првиот анимиран долгометражен филм на Дизни - излегол (после мачни мољакања со банкари) во 1937 и луѓето паднале во несвест по него.
Кога ќе се земе костимот на Снежана за преглед, паралелно со малку модна историја, очигледно е дека се базира на женската мода од ‘30-те. И не е само Снежана „жртва“ на тогашната мода - сите филмови што раскажувале приказни сместени векови претходно го фаќале истиот костимографски правец - оригиналната мода, ама адаптирана на ‘30-те.
Каролина Зебровска, што ја имавме во „Костимите на Бриџертон се хаос“, овој пат ја толкува модата на оригиналната Disney Princess.
Приказната прв пат е објавена во 1812, ама ни таква не е модата во филмот. Собрана е како дело на народен раскажувач во Германија во 16. век и се смета дека е и лајт базирана на реална жена - германска грофица чии животни детали се совпаѓаат со „Снежана“ - деспотска маќеа, згоден принц во кој се вљубила и за жал - умрела млада, најверојатно од отров.
И бидејќи се работи за 16. век во Германија (а таква е и естетиката и архитектурата прикажана во цртаниот), и фустанот на Снежана треба да одговара со тоа. За ова, Зебровска си помага со портретите на Лукас Кранак постариот, кој често сликал богати жени.
Супер материјал за гледање, но бидејќи е долго како за Јутјуб, Зебровска ни прави услуга со тоа што ни означува минутажа на тоа што би нѐ интересирало.
Не е воопшто видео каде што некој дискутира со по некоја сликичка. Напротив, за мераклии за дизајн и фини работи, ова е едно одлично частење со многу добар крај.
00:00 Интро
01:12 Од кога е „Снежана“?
03:52 Дизајнот: Портретите на Кранак
05:46 Менување на палетата на бои
07:11 Истражување на фустани кај Кранак
08:40 Конструкција
14:25 Материјал
15:53 Крагна
16:40 Правење јаже
17:27 Везење
18:42 Кошулата
22:39 Боење на материјалот
24:05 Батален обид за киртл
24:29 Конструкција на ракави
27:17 Конструкција на корсет
30:18 Парче за гради и стомак
30:56 Сукња
31:55 Уште малку бело парче за стомак
32:37 Правење хауб
33:02 Преправање на сукњата
33:37 Пробување
34:10 Жица за крагна
34:36 Назад кај пеколните ракави
35:33 Пробување
35:41 Накит
36:58 Чевли
37:42 ЕВЕ ГО
39:04 Сумирање