На почетокот на годинава, Нетфликс се пофали со серијата „Бриџертон“, уште од трејлерот проблематична околу кастинг и веднаш очигледна во своето „точноста не е битна колку што е битен диверзитетот“, и ако. Фамата веќе се бранува, па макар и доцнеле, можеме да ѝ дадеме шанса.
Но.
Според повеќе познавачи и ентузијасти, од кои дел на драго срце ги споделуваат своите прашалници на нивните Јутјуб канали, костимите се блага катастрофа - не толку во однос на естетика, колку во историска точност.
Но, како што ќе каже Каролина Зебровска - некако функционира. Кога ќе ти текне дека буквално имаат пуштено песна од Били Ајлиш во една епизода - веројатно е така.
И онака е серијата како фан-фикшн на Џејн Остин и онака влегуваме во време кога се виткаат норми.