1.
Во првата сцена каде што се појавува Миранда Присли во „Devil Wears Prada“, Мерил Стрип носи Прада ташна
2.
Во сцената кога Енди ќе дознае дека таа ќе оди во Париз, а не Емили, не само што носи Шанел ланче, туку има и привезок со Ајфеловата кула.
3.
Кога Тула и Ијан се на првиот состанок во „My Big Fat Greek Wedding“, на ѕидот има украс со јаболка и портокали.
(На крајот од филмот, татко ѝ ги споредува двете семејства со јаболка и портокали)
4. Во друга сцена, додека се прашува околу одлуката да се сврши со Ијан, зад неа стои статуа од Афродита.
5.
Целата гардероба на Зои Дешанел во „500 Days of Summer“ е координирана по бојата на очите.
6.
Во „Love Actually“, кога Џулиет оди кај Марк да го праша за снимката, се гледа футрола од филмот „Rear Window“, каде што се зборува за воајеризам и набљудување луѓе - токму тоа што тој го правеше во филмот.
7.
Во првиот филм „Sex and the City“, Кери ги бои чевлите на Пепелашка сини, каква што е и бојата на Маноло Бланик штиклите на крајот од филмот. Ако се загледате и Пепелашка е со ликот на Сара Џесика Паркер.
8.
Во текот на целата серија се прикажува дека Кери е технофоб и во филмот сѐ уште има телефон на отварање, исполепен, како доказ дека уште го нема сменето.
9.
Кери и Мистер Биг се намерно дотерани во кревет, како пар што сѐ уште има активен сексуален живот, наспроти Миранда и Стив, чиј (едвај постоечки) сексуален живот е симболизиран во нејзината обична маица за во кревет.
10.
Фустаните од неуспешната свадба им се иста боја како обичната облека на крајот од филмот, со регистрирањето во општина.
11.
„10 Things I Hate About You“ е базиран на „Скротување на горопадицата“ од Шекспир. Внатре ги има Бјанка и Катерина од драмата, па презимето Стратфорд (родното место на Шекспир), Патрик се презива Верона (од каде што доаѓа Петрукио), а средното школо е Падова (градот каде што е сместено дејствието на драмата).
12.
Во сцената со вечерата во „Pretty Woman“, кога Џулија Робертс случајно ќе фрли полжав преку цела соба, келнерот ја теши со „Ова цело време ни се случува“. Деценија подоцна, режисерот го вика истиот актер во Princess Diaries, и кога Миа ќе скрши чаша, ја кажува истата реплика.
13.
Во „Legally Blonde“, Ел кажува дека добила 179 поени на LSAT тестот, што ја прави дел од 0,1% студенти, бидејќи максимум бодови за освојување на тој тест се 180.
14.
И на крај, во „Notting Hill“, на прашањето „Колку заработи од последниот филм?“ Џулија Робертс одговара „15 милиони долари“ - сумата што ја има заработено за - Notting Hill.