За мене топка чоколадо, ванила и „за луѓе што страдаат од целијакија“

А имате од „за дијабетичари“?

Бизарно, нели? Сега ќе се објасниме.

Деми Ловато решила да влезе во дуќан за замрзнат јогурт за да си купи. Дуќанот е Биг Чил, во Лос Анџелес и имале и „колачиња без шеќер“ и „диетална храна“, меѓу другото. И збеснала.

На Инстаграм објави стори со следниот текст:

„Многу ми е тешко да нарачам замрзнат јогурт од Биг Чил, кога морам да поминам покрај колачиња без шеќер или друга диетална храна за да стигнам до каса. Потрудете се повеќе.“

????

И пак:

????

Ако се следи ситуацијата, за кратко станува јасно: На Ловато ѝ е тригер „диетално“ и „без шеќер“ затоа што има историја на нарушувања во исхраната и е плус сајз. Смета дека ваквото назначување не само што овозможува туку и поттикнува нарушувања во исхраната.

И вели, „ќе морам да го избуткам хаштагов: #dietculturevultures.“ (Лешинари на диетална култура)

Нормално, со оглед на нејзината огромна платформа, Биг Чил мора да реагира со порака што требаше во старт да биде јасна, ама еве да нацртаат:

„Имаме храна за дијабетичари, луѓе што страдаат од целијачна болест, вегани, а имаме и многу калорични работи исто така.“

Ловато најзалудно уверена дека е на вистинската страна на социјалната правда, ги споделува и пораките со нив.

Биг Чил вели,

„Не сме лешинари. Имаме производи за потребите на секакви муштерии веќе 36 години. Жал ни е што те вреѓа ова.“

Ловато не се откажува:

„Не е само тоа. Услугата ви е ужасна. Некултурно. Целото искуство беше провоцирачко и ужасно. Можете да продавате и за други луѓе и истовремено да покажете грижа за друг процент од муштериите што се мачат и да стапнат во продавницата. Можете да најдете начин да обезбедите пријатна атмосфера за сите луѓе со различни потреби. Меѓу нив и луѓето со нарушувања во исхраната - едни од најсмртоносните ментални болести. Не давајте изговори, потрудете се.“

Откако почнаа да реагираат луѓе на интернет, можеби ќе помислите дека оваа заблуда престанала. Еден твит вика:

„Дијабетичар сум. Ми требаат опции без шеќер. Извини што ова те вреѓа, Деми. Справи се. Не си центар на универзумот.“

Деми ќе им пише на Биг Чил и замислете ова ВАКА ќе го реши:

„Знаете што, си мислев, може ќе помогне ако направите да биде појасно дека опциите без шеќер и веганските опции се за тоа. Да означите грицки за дијабетичари или вегани. Кога не е супер-јасно, пораката е збунувачка и со оглед на тоа што сум во ЛА, многу е тешко да направам разлика меѓу диетална култура и здравствени потреби. Мислам дека појасни пораки ќе бидат добри за сите. Не грешите што продавате по нешто за сите ама не исклучувајте една демографија за да услужите друга.“

Да, ТОА бара. Да не пишува „без шеќер“ туку за „дијабетичари“. Да нема „диетално“ туку „за луѓе што страдаат од целијакија“. Да пишува тоа, како што пишува „Чоколадо“, „Ванила“ или „Шумско овошје“ на сладолед.

На крај сними видео со објаснување и благо извинување.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

Се преминаа сите граници веќе.

22 април 2021 - 13:28