Филмот на Вес Андерсон ќе биде во официјалниот лајн-ап на Кан, како што објави уметничкиот директор на фестивалот Тиери Фремо.
Патувањето му беше хаотично досега. Прво се планираше да дебитира на фестивалот лани во мај, пред да почне да се дава во кина во јули, но добивме пандемија па се одложи. Сега кога повторно се гледа светлото на крајот на тунелот, а со тоа и седењето во кино пред платно, конечно може да мрдне од мртва точка.
Се работи за претставништвото на еден американски весник во францускиот град Енуи сур Бласе, и подготовките за последното издание. Филмот е опишан како љубовно писмо до новинарите, и ќе оживее вистински приказни, меѓу кои и студентските протести во мај 1968 и приказната за легендарниот трговец со уметнички дела, Лорд Дувин. Веќе има „R“ рејтинг, заради „изразена голотија, некои сексуални референци и јазик“.
Глуми Тимоте Шаламет, како студент што води револуција, а покрај него Бенисио Дел Торо, Леа Сејду и Адријан Броди (затворен уметник, чувар во затвор и трговецот со уметнички дела). Понатаму, Тилда Свинтон, Овен Вилсон, Франсис Мекдорманд, Елизабет Мос, Бил Муреј и Џефри Рајт, плус Вилијам Дефо, Анџелика Хјустон и Лив Шрибер, меѓу другите.
Канскиот филмски фестивал ќе одржи во јули, таму ќе го пуштат, и еве трејлер: