Сѐ што треба да знаете за Мет Гала 2021

После откажувањето на настанот минатата година, најважната модна вечер се враќа дупло.

Хоризонтот е поведар од лани, па силите зад Метрополитен музејот во Њујорк решија да надоместат - најавија не еден туку ДВА Мет Гала настани.

Изложбата ќе отвори на 18 септември 2021, а ќе затвори на 5 септември 2022. Ќе претстави како „модата ја рефлектира еволуцијата на идентитетот во Америка и ќе истражува бројни погледи низ презентации што зборуваат за некои од комплексностите на историјата.“

Првото поглавје, Во Америка: Лексикон на мода, „ќе воспостави моден речник на американската мода, врз основа на експресивните квалитети на облеката, како и подлабоки асоцијации со прашања како еднаквост, диверзитет и инклузија.“ Пет дена претходно, ќе се случи првиот од двата балови, но на поинтимно ниво од претходните години.

Ако сѐ оди според планот, Мет Галата ќе се врати првиот понеделник на мај, 2022, за отворањето на второто поглавје на шоуто - Во Америка: Модна антологија. Kако соработка на Институтот за костими и Американското крило на Метрополитен, изложбата „понатаму ќе истражува како еволуира јазикот на американската мода“ и можеме да очекуваме „серија соработки со американски филмски режисери кои ќе ги визуелизираат недовршените приказни на сите ери.“

19 април 2021 - 15:23