Интернет

Кафка живее во алгоритмите

Американска непрофитна организација која влегува во незгодни теми како што е ГМО и потеклото на коронавирусот, осети како одеднаш може да се стане невидлив, односно закопан во длабочините на интернетот. Класична кафкијанска ситуација, само што денес зад неа не стои државната бирократија туку алгоритмите.

Фејсбук го враќа листањето постови по време

По ново ќе може да ги ставите на пауза алгоритмите на Фејсбук, и постовите што ви се појавуваат во фид да ги прегледувате хронолошки или по избор од „фејворитс“.

Кое е оправданието за да платиш 2,9 милиони долари за твит?

Веројатно најприфатливо би било „имам пари, ми се може“, ама па тоа е некако незгодно да го кажеш пред милиони сиромашни, па ќе треба малку пофино да го спакуваш објаснувањето.

Трамп се враќа на интернет на сопствена социјална мрежа?

Уште неколку месеци светот ќе биде лишен од Трамп, меѓутоа кога ќе се врати во јавноста тоа ќе биде преку негова социјална мрежа, тврди портпаролот на поранешниот американски претседател.

Гугл документи, како Вашингтон одби на време да го запре Гугл

Јануари 2013 беше еден од клучните моменти во битката меѓу Вашингтон и Силициумската долина кога луѓето назначени од Обама за спречување монопол одбија да покренат обвинение против Гугл и покрај сите информации што ги имаа.

Русите претераа кога го блокираа Твитер

Да не биде ширење стереотипи ама руската блокада на Твитер излезе дека е направена по принципот - кого удрам не жалам.

Твитер за вакцините: Пет корни - пенал

За првиот твит околу вакцините за кој началството ќе процени дека е лажен или заведувачки се добива опомена. За петтиот - трајно суспендирање на акаунтот. Оние помеѓу повлекуваат часови или денови заклучување на твитер профилот.

Твитер ќе дозволи да наплаќаш пари за своите твитови

Една од новите опции што ги најави Твитер се вика Супер фолоус, и во основа им дозволува на корисниците да почнат да наплаќаат пари за пристап до некои или сите од своите твитови, нешто како Онлифанс за твитерџии.

Твитер проверка на факти, дупка до дупка

Твитер пробува концепт за проверка на факти во кој надежта околу борбата со лажни вести се полага во мудроста и вистинољубовоста на пошироката твитер заедница. Така било тоа.

На Гејтс му е непријатно што Трамп доживотно е протеран од Твитер

Иако застапник на ставот дека големите технолошки компании треба да преземаат мерки за елиминирање на „дезинформациите“ на нивните платформи, Бил Гејтс верува дека протерувањето на Трамп од Твитер не е соодветно, и дека треба да се зборува за тоа.

Илон Маск го вика Путин на муабет

Маск има нова омилена (и за сега ексклузивна) социјална мрежа, оваа посветена на аудио разговори, во која би сакал да го види и да разговара со рускиот претседател.

Империјата млако го возвраќа ударот

Откако Кинезите и Самсунг почнаа да се расфрлаат со камери од 100 мегапиксели, какви не екрани, процесори и мемории, Епл одлучи дека главна продажна предност на Ајфонот што ќе ја оправда цената ќе биде заштита на приватноста на своите корисници, па и покрај целиот ризик влезе во отворена војна со Фејсбук. Сега Фејсбук се обидува со јаукање и апели да ги придобие назад корисниците кои радо би гледале како целата компанија гори во незапирлив пожар.

На Гугл му е полесно да ја блокира Австралија отколку да работи коректно

Доколку Австралија одлучи да го спроведе законот според кој Гугл ќе треба да им плати надомест на медиумите од кои заработува пари, Гугл ќе одлучи комплетно да се повлече од целиот континент.

Македонски тајкун од Канада го тужи Гугл за 2 милијарди долари

„Ако можат да местат резултати од пребарување мачиња и кучиња, тие можат да местат сè,“ изјави Крис Павловски, објаснувајќи ја финансиската штета од штелуваните резултати на Гугл која неговата компанија ги проценува на преку две милијарди долари.

25 милиони нови корисници на Телеграм за само 72 часа

И покрај тоа што Сигнал благодарејќи на објавата на Маск го собра кајмакот, актуелниот егзодус на луѓе од Вотсап за само три дена донесе 25 милиони нови корисници на Телеграм.

Фејсбук блокираше колумна на ветеранот Рон Пол

Поранешниот американски конгресмен добил забрана да го управува својот Фејсбук профил откако пробал да ја објави својата последна колумна, нешто што го прави секоја недела последниве 27 години. Колумната била на тема: цензурата на технолошките компании. 

И над цензорот има цензор?

Локален американски интернет провајдер одлучи да ги блокира Фејсбук и Твитер, откако овие ги блокираа и избришаа профилите на Трамп и цензурира неброени други бидејќи ги прекршувале правилата за користење.

Кој стигна го блокира или избриша Трамп од својата платформа

Главната болка е Твитер, ама зад него „ред се редат“ кој од кој од глобалните технолошки гиганти, а освен простор за галамење, Трамп директно почна да губи и пари.

На Порнхаб нема ништо за гледање

Ок, технички, има некои 4 милиони видеа за гледање (што веројатно веќе ви се гледани), ама само до пред некој ден ги имаше над 13 милиони видеа, така да, на Порнхаб нема ништо за гледање.

Што знае дете што се 16.000 долари за игрица?

Тоа што ним им е вест е дека во текот на летото 6-годишно дете потрошило 16.000 долари на игрица на Ајпад. Тоа што нам ни е вест е дека на некого му требаат неколку месеци за да сфати дека му фалат 16.000 долари од сметка.

Цела година Гугл пребарувања на Балканот

Гугл го испорача годишниот извештај за тоа кој што барал низ светот. На списокот ги нема сите држави, туку само оние битните. П.С. излезе дека членството во НАТО не те прави автоматски битна држава.

48 американски сојузни држави поднесоа тужба за растурање на Фејсбук

Главното барање на американските власти е Вотсап и Инстаграм да се одделат како две посебни компании надвор од Фејсбук.

ОнлиФанс, срамежливиот медиумски гигант

Теоретски, услугата се продава како „социјална мрежа на која креаторите можат директно да наплатат за своите содржини“, во пракса, доминантно, е „порно за пари“ само што тука парите одат за порно-ѕвездите а не за студијата.

Корпоративни богови на маркетингот

Дечко на своја рака развива крајно успешен ТикТок профил за компанијата во која работи, која се занимава со крајно незанимлива дејност - продажба на бои за молерисување. За награда, дечкото е отпуштен.