Јутјуб сам себе се награди за слободно изразување

ЦЕО-то на Јутјуб доби награда за „слободно изразување,“ во настан спонзориран од самиот Јутјуб. Свечената прилика се искористи да се објасни како функционира цензурата.

Сузан Вочицки, извршен директор на видео платформата на Гугл е добитник на наградата  за „Слободен израз“ на Институтот Фридом Форум, на свеченост спонзорирана од нејзината компанија.

На дигиталниот настан Војчицки беше опишана како лидер на слободната мисла а таа, откако ја прими наградата, се заблагодари и во поздравната реч проговори за тоа како функционира цензурата.

“Слободите кои ги имаме, не треба да се земаат здраво за готово, тие треба да се бранат“, рекла Војчицки обелоденувајќи дека само во последниот квартал, биле остранети 9 милиони видеа, од кои 90% биле тргнати машински. 

Истакнала и дека има уште содржини кои не се во согласнот со духот кои тие сакале да го развиваат, меѓутоа технички се на работ критериумите па со нив платформата ќе се справува така што ќе ги закопува во длабочините на видеотеката, односно нема да ги препорачува на корисниците.

Јутјуб станува сè поозлогласен по цензурирање на содржините. Не само што учествуваше во координираното отстранување или суспендирање на ликови како Алекс Џонс и Доналд ТРамп, платформата неодамна забрани видео во кое гувернерот од Флорида, Рон Де Сантис, разговараше со панел медицински експерти за целисходноста деца да носат маски, оценувајќи го тоа како „медицинска дезинформација.“

Во неколку наврати пренесовме за проблемите кои со Јутјуб ги имаат угледните биолози Брет Вајнстин и неговата сопруга Хедер Хеинг.

Оваа централизирана офанзива на корпоративно-државната диктатура нема на ова да запре. Неодамна прес секретарката на Џо Бајден, Џен Псаки, кажа дека е глупо да си баниран на една платформа, а да не бидеш баниран на сите останати.

20 јули 2021 - 14:51