Што бараат децата на интернет: Јутјуб, ТикТок и Роблокс

Истражување на Касперски ги покажува трендовите во последните две години меѓу децата на интернет. За родителите, убава вест е дека нивните млади доста слушаат музика. За нив, уште подобро е ако нивните млади слушаат музика со слушалки. 

Најпопуларни веб категории меѓу децата биле „софтвер, аудио, видео“(44,38%), „медиуми за интернет комуникација (22,08%) и „компјутерски игрици“(13,67%). Меѓу апликациите, Јутјуб има голема предност и тој сервис е и натаму најпопуларна платформа меѓу децата ширум светот.

На второ место е WhatsApp, a на трето TikTok. Меѓу топ 10 се и четири игрици, Brawl Stars, Roblox, Among US и Minecraft. ТикТок го има претекнато Инстаграм со двојно поголема популарност.

Добро е што слушаат музика: 17,35% од нивните пребарувања се на таа тема.

Лошо е ШТО музика слушаат: K-ПОП бендови како BTS и BLACKPINK, Аријана Гранде, Били Ајлиш, Тревор Скот.

Цртаните филмови се половина (50,21%) од сите детски пребарувања на видео снимки. Најпопуларни се Ladybug and Cat Noir, Gravity Falls и Peppa Pig. Од филмови и серии, најпопуларни биле трејлерите за Годзила версус Конг и Џастис лиг, мини-серијата на Дизни+ WandaVision а Нетфликс одржува внимание со Кобра Каи и веќе култната Stranger Things за која се очекува нова сезона.

Во случајот со видео игрици, најпопуларни меѓу децата се Minecraft (22,84%), Fortnite (6,73%), Among Us (3,80%), Brawl Stars (6,34%) и Roblox (3,82%). Истовремено, најчесто играна игрица која е во топ 10 во речиси сите земји е Роблокс.

Чудна работа, децата во Казахстан и Велика Британија водат во посетување на сајтови посветени на компјутерски игрици (26,01% и 19,40%). Од друга страна, децата во Индија ги занимаат игрици само 5,08%.

Истражувањето е спроведено врз основа на доброволно предадените податоци од нивната Safe Kids апликација.

Чисто како показен материјал, меѓу децата популарните „ASMR“ и „Simple Dimple“ жанрови:

 

4 јуни 2021 - 11:29