Ватикан побара објаснување од Инстаграм за тоа како профилот на Папата лајкнал фотка на една оскудно облечена бразилска манекенка (какви што обично се).
Се работи за првите 10 месеци од годината, а парите што ги имаат потрошено само на Фејсбук се два пати поголеми во споредба со буџетот од 2016 потрошен на истата социјална мрежа. Една четвртина од овие пари е потрошена само во октомври.
Во 2017 Епл и Гугл го обновија договорот со кој Гугл ќе биде дифолтен пребарувач на Ајфон и други уреди на Епл. Договорот вреди милијарди долари и со тоа двете компании ја забетонираа својата позиција во врвот на технолошката индустрија. Минатата недела САД поднесоа анти-монополска тужба против Гугл, а соработката со Епл е наведена како главен пример за тоа како компанијата користи нелегални тактики за да го заштити својот монопол и да ја уништи конкуренцијата во пребарувањето.
Се работи за плагин за Хром и Фајрфокс со помош на кој истражувачи од Унивезитетот во Њујорк добиваат увид како функционира таргетираното политичко рекламирање на најмоќната социјална платформа и како Фејсбук учествува во ширењето посакувани информации или дезинформации.
Холандски хакер наводно го открива пасвордот на Трамп и тоа многу лесно, и плус тврди дека американскиот претседател нема вклучено ни второстепена автентикација на својата сметка.
Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.
Откако европски регулатори нагазија на нивниот слободен трансфер на податоци меѓу серверите во ЕУ и САД, Фејсбук соопшти дека ќе биде невозможно да работи под тие услови и се закани дека е можно да ги исклучи сервисите на ФБ и Инстаграм за околу 400 милиони корисници во Европската Унија.
Тужба поднесена против Фејсбук обвинува дека компанијата наводно ги шпионира корисниците на Инстаграм, овој пат преку недозволено користење на камерите на нивните смартфони.
Додавање на неколку параграфи текст и неколку слики во Википедија статијата може да ги зголеми приходите од туризам на малите градови и места и за до 110.000 евра годишно. Не се многу пари, ама па и нема скоро никаков трошок.
Фејсбук ги игнорира доказите дека платформата се користи за изместување на јавното мислење и за манипулирање на изборите низ светот, пишува отпуштениот дата-научник на Фејсбук во протечениот меморандум од 6.600 зборови испратен до компанијата.
Глумејќи дека има вистинска контрола врз својата платформа или дека му е гајле што го офираат, Фејсбук забрани политичко рекламирање. Една недела пред денот на гласање. Само за новите реклами.
Чудењето на тазе родители е - како тоа Кокомелон се уште не е бизнис од милијарда долари? Чудењето на сите останати - што е тоа Кокомелон? До овие вториве, полека, и вам ќе ви дојде ред да се крстите во него.
Германија 1930-ти: Нацистите во првите фази од својот геноциден план за уништување на Евреите наредуваат обележување на сите еврејски продавници со Давидовата ѕвезда. САД 2020: Гугл како дел од својата иницијатива за поддршка на црните заедници почнува на својата мапа да ги обележува сите продавници во сопственост на црнци со посебна икона.
Десетици Твитер сметки со милиони следбеници, од Обама, Бајден, Гејтс и Елон Маск, па до Ким Кардашијан, вчера беа хакнати и искористени за масовна биткоин измама.
Медиуми од Бразил, Германија и Австралија успеаа да добијат договор со агрегаторот на вести на Гугл, да почне да им плаќа за вестите што се реобјавуваат (линкаат) на сервисот.
Социјалната мрежа ќе им овозможи на Американците комплетно да ги мјутнат рекламите на тема политика за претстојните избори во ноември. Твитер уште минатиот октомври забрани политичко рекламирање.
Два твита на американскиот претседател добија придружно предупредување дека се спорни во поглед на изнесените факти. На Трамп не е човек да му верува ама застрашувачки изгледа и иднината во која врховен судија на тема вистина ќе имаат моќни мултинационални приватни корпорации кои бркаат профит.
Јутјуб соопшти дека ќе ги кине сите видеа кои не се во склад со ЦК на СЗО. Истата СЗО која пренесе дека коронавирусот не се шири од човек на човек. Истата СЗО која го збрза светот во карантин за отпосле да каже дека шведскиот модел бил добар и дека тој ќе се применува во идни слични ситуации.
ЕУ побара од компании како Нетфликс, Јутјуб и Фејсбук периодов да го укинат ХД квалитетот на видеата што ги нудат за интернет мрежите да можат да го издржат напливот на корисници кои моментално се на принуден домашен одмор или работат од дома.
Пред јавни настапи, како сведочење пред Конгресот, блиските соработници му дуваат под пазуви на Закерберг за да не му се познаваат кругови од пот, е извадокот од се уште не објавената ретко детална книга за Фејсбук за кој сите се фатија.
Во кратко и остро писмо до Фајненшл тајмс милијардерот инсистира Марк Закерберг и неговата десна рака Шерил Сандберг под итно да бидат отстранети од раководните улоги во компанијата, или во спротивно Трамп ќе тера и втор мандат.
Една од новите опции што Фејсбук ги пушти во оптек е „Off-Facebook activity“ алатката која освен вистинска примена во (какво-такво) раатисување од следењето, одлично врши работа за да те потсети дека цело време додека сурфаш на интернет имаш некој што ти дреме на рамо, гледа и запишува што правиш.