Почина човекот со кој ги ругавме за референдумот

Умрел оној чичко чија заразна насмевка беше една од најискористените подлоги за разно-разни интернет заебанции на која тема сакаш. Требаше да почине па да дознаеме за што уствари се смее на оригиналот.

На 65 годишна возраст починал Хуан Хоја Борја, шпански комичар познат под името Ел Риситас, што на нашки би му дошло Кикот.

Подолго време имал маки со здравјето  неговите фанови лани организирале собирање донации за да му се купи електрична количка откако му била ампутирана ногата.

Во Шпанија е познат веќе 20 години а легендарната сцена е дел од негово гостување во ноќното шоу на Ратонес Колораос во 2007 година кога Кикот раскажува какви белји имал додека бил чирак во ресторантска кујна; поконкретно, кога оставил дваесетина валкани чинии од паеља во море очекувајќи тоа да ги исчисти, за утредента да сфати дека водата ги има однесено џенем. 

Вирално почна да се шири седум години подоцна, кога некој сконтал дека неговиот настап и заразен кикот душа дал за спрдање со локални теми и ликови, по што станува една од најпародираните сцени на интернет, заедно со онаа со Хитлер (Бруно Ганц) од филмот Der Untergang.

Генијална македонска варијанта:

 

1 мај 2021 - 10:24