Фејсбук блокираше колумна на ветеранот Рон Пол

Поранешниот американски конгресмен добил забрана да го управува својот Фејсбук профил откако пробал да ја објави својата последна колумна, нешто што го прави секоја недела последниве 27 години. Колумната била на тема: цензурата на технолошките компании. 

85 годишниот конгресмен кој во три наврати се обиде да се наметне како претседателски кандидат, еднаш од редовите на Либертаријанската партија, добил забрана за пристап кон својот Фејсбук профил со вообичаената порака дека „ги прекршил правилата на куќниот ред“ (фамозните „community standards“).

„Без дополнително објаснување што и како сум прекршил, Фејсбук ме блокираше да ја уредувам мојата страница. Никогаш претходно немам добиено порака дека нарушувам некои стандарди и никаде не е наведено со кој пост сум го сторил прекршокот“, објави ветеранот на американската политичка сцена.

Последното што го објавил на Фејсбук пред да му стигне катиљ ферманот била неговата редовна неделна колумна која ја објавува речиси 30 години.

Фејсбук не одговориле ни на прашањата на Њузвик што е причина за блокадата. Републиканскиот сенатор од Кентаки и син на Рон Пол, Ренди Пол, на Твитер објави:

„Фејсбук сега и застапувањето на слободата го смета за субверзија; има ли крај ова?“

Њузвик пишува дека колумната после која пензионираниот политичар добил забрана на пристап кон својата страница била посветена на цензурата од големите технолошки гиганти.

******

Види: Рон Пол за Македонија

12 јануари 2021 - 21:36