Во 2020 апликацијата имаше просек од околу 1,5 милиони нови корисници на ден, што само по себе е доволно импозантно, меѓутоа засилувањето од овие 25 милиони за само три дена конечно го доведе Телеграм над бројката од 500 милиони активни месечни корисници.
Најголемиот дел од новите корисници доаѓаат од Азија (38%), Европа (27%) и Латинска Америка (21%).
Пред некое време Вотсап објави дека ги менува правилата за приватност со што во пракса Фејсбук добива поголеми овластувања за користење на вашите податоци.
Телеграм неодамна објави планови за заработување приходи, кои нема да бидат направени на штета на приватноста на корисниците. Тие ова го планираат со реклами на безбројните канали на Телеграм (нешто како јавни групи) и премиум опции за бизнис и напредни корисници.