Се работи за „Your T1 WIFI“ провајдерот што го опслужува северно Ајдахо, кој се решава на блокирање на двете социјални мрежи по голем број поплаки од своите муштерии кои „не сакале провајдерот да ги прикажува овие сајтови на интернет, и не сакале нивните деца да имаат пристап до истите.“
„Нашата компанија не верува дека веб-страна или социјална мрежа има овластување да цензурира што гледате и објавувате и да крие информации од вас, да ве спречува да гледате што објавуваат вашите пријатели или семејството.
Тоа е причина зошто со голема загриженост, ја донесовме одлуката за блокирање на пристапот до овие две веб-страни од нашата мрежа,“ се наведува во соопштението на компанијата.
Иако првично блокадата е за сите корисници, подоцна провајдерот се предомислува па решава да ги блокира Фејсбук и Твитер само за оние што тоа ќе го побараат.