„Мислам дека нема да го видиме претседателот Трамп на социјалните мрежи, барем уште едно два - три месеца, кога ќе се врати со сопствена платформа.
Ова е нешто што мислам дека ќе биде највозбудливо кај социјалните медиуми. Комплетно ќе ја редефинира играта. И сите ќе чекаат и гледаат што прави претседателот Трамп ама тоа ќе биде на негова сопствена платформа,“ изјавил долгогодишниот советник на Трамп, Џејсон Милер.
Влегувањето на Трамп во ИТ индустријата следува откако тој беше протеран од водечките светски социјални мрежи: Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутјуб. Од Твитер, на пример, беше протеран доживотно, од Јутјуб привремено. Освен ова, Милер не соопштува никакви дополнителни детали, ни дали од нула ќе започнува социјална мрежа или ќе биде во партнерство со некоја од постоечките.
Објаснувајќи дека Трамп имал бројни состаноци во Мар-а-Лаго, Милер изјавува:
„Сепак верувам дека претседателот знае во кој правец сака да тера и дека оваа нова платформа ќе биде ќе биде голема и сите сакаат да го имаат.“
Откако му беше стопиран пристапот до социјалните мрежи, канцеларијата на Трамп главно испраќа мејлови до медиумите и јавноста со ставовите на поранешниот претседател.