Википедија не е за верување

Он-лајн енциклопедијата е преземена од левичарски „волонтери“ кои изворите што не одговараат на нивната агенда ги отпишуваат како лажни вести, порачува човекот кој во 2001 ја ко-основаше Википедија, Лари Сангер.

Сангер се согласува со тоа дека „тимови од демократски наклонети волонтери“ бришат содржини што не им се по мерак, вклучително и информации за скандалите поврзани со синот на Џо Бајден, Хантер.

Околу тоа дали можеш да и веруваш на Википедија, одговорот на Сангер е:

„Можеш да и веруваш дека ќе ти даде издржано гледиште на естаблишментот, на речиси секоја тема.

Дали можеш да и веруваш дека секогаш ќе ти ја даде вистината? Тоа зависи што подразбираш под вистина.

Тоа што многу медиуми, вклучително и Википедија, денес претпоставуваат, е дека постои само една легитимна одбранлива верзија на вистината околу кое било контроверзно прашање.“

Навраќајќи се на примерот со скандалот со Хантер Бајден, Сангер објаснува дека текстот што е на Википедија претставува пречистена верзија која не ги вклучува аргументите од перспективата на републиканците.

„Статијата за Бајден, ако ја загледаш, содржи многу малку во однос на загриженоста што републиканците ја изразија околу него.

Па ако сакаш да видиш што било што приближно го отсликува републиканското гледиште околу Бајден, тоа нема да го добиеш од статијата.

А има и параграф - а бидејќи е прилично долга статија треба да има барем неколку параграфи - околу скандалот со Украина.

Многу малку може да се најде на Википедија.

Тоа што може да се најде и екстремно пристрасно и звучи како адвокатска одбрана на Хантер,“ изјавил Сангер, кој забележува дека текстот на пример не содржи дека Хантер бил платен 600.000 долари годишно за својата позиција на бордот на украинската компанија Бурисма.

Дополнително, ни статијата за Џо Бајден никаде не го споменува лаптопот на Хантер, чија содржина беше објавена од медиумите пред изборите во САД, откако Хантер го заборавил на сервис.

Кога Њујорк пост на 14 октомври ги објави сликите и мејловите од лаптопот, Твитер и Фејсбук инстантно забранија споделување на линк до статијата на Пост.

Сангер ја обвинува Википедија, дека намерна не им дозволува на републиканците да учествуваат во креирањето на статиите.

„Ова е крајно неверојатно имајќи предвид дека политиката за неутралност се уште важи.

Ако само една верзија на фактите е дозволена тогаш тоа им дава сериозен стимул на моќните и богатите луѓе да преземат контрола врз Википедија со цел да ја задржат својата моќ.

И тие го прават тоа,“ изјавил Сангер.               

 

19 јули 2021 - 11:46