„Гледаш мртви тела и убиства, или луѓе кои слават што убиле некого, кучиња печени на скара, и ги гледаш овие слики.
Ми требаше многу време за да сфатам колку овие работи влијаат на мене. Не ни верував во пост-трауматски синдром, само мислев дека луѓето се бескорисни.
Морав да минам низ терапија и многу работа на самиот себе за да го надминам проблемот,“ изјавува поранешниот модератор на Фејсбук.
Во разговорот за Вајс, тој објаснува дека работата му била „по 8 часови на ден да гледам во најужасните работи што луѓе ги објавуваат на интернет, за ти да не мора да ги видиш“.
Најголемиот дел од работата е околу отстранување голотија или терористички симболи и пораки (како знаме на ИСИС), меѓутоа сепак, по бројки на модераторот, околу 10% отпаѓа на најстравичните содржини што некогаш се појавиле на интернет. Според него модераторите ги немаат статистиките за типот и колку некоја содржина се појавува, и тие бројки му се достапни само на Фејсбук.
Неговата процена е дека Фејсбук не е ни најмалку подготвен за справување со психичкото здравје на овие вработени, ниту пак доволно се свесни за долгорочните последици што тие ќе ги трпат.