„Бројките покажуваат дека 85% од корисниците на Фејсбук во САД биле или сакаат да се вакцинираат. Целта на претседателот Бајден беше 70% од Американците да бидат вакцинирани до 4 јули.
Фејсбук не е причината што оваа цел не беше остварена,“ порачува потпретседателот на компанијата, Гај Розен, на официјалниот блог на Фејсбук.
Во петокот во Белата куќа запрашан од новинарите околу дезинформациите и каква порака има за социјалните мрежи како Фејсбук, Бајден одговори:
„Тие убиваат луѓе... гледајте, единствената пандемија што ја имаме е меѓу невакцинираните. И тие убиваат луѓе.“
Фејсбук веќе има некои правила за разговорот што може да се води околу ковид-19 и вакцините, плус дава проверени информации и ресурси за истото.
Бројот на случаи од ковид во САД е зголемен за 70% во однос на претходната недела, а бројот на смртни случаи за 26%.