Фејсбук живее од вашите кавги

Доскорешна инженерка во Фејбук која на регулаторите им има пратено илјадници интерни документи од кои е јасно дека Фејсбук е свесен дека с'ска луѓе на кавга, го објаснува главниот механизам: Колку повеќе негативни коментари, толку повеќе пари за Фејсбук.

Свиркачка од Фејсбук на одбор на Европскиот парламент му порача дека Фејсбук го руши интегритетот на демократијата овозможувајќи и фаворизирајќи поларизација меѓу луѓето.

„Со своето однесување, Фејсбук може да ја ослаби нашата демократија,“ рекла Францес Хауген пред одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент.

Таа ја напушти компанијата во јуни, праќајќи десетици илјади интерни документи од кои станува јасно дека Фејсбук овозможува ширење на омраза и дека неговите алгоритми придонесуваат кон видливост на таквите содржини. 

„Колку повеќе негативни коментари, толку повеќе лајкови и други реакции, а тоа само значи повеќе пари за мрежата“, ја објаснува Хауген логиката на Фејсбук.

Постојат начини како Фејсбук и Инстаграм да станат побезбедни места за луѓето но меѓу безбедноста и парите, компанијата секогаш ќе го одбере второто, смета таа. 

Хауген е сомничава кон полезноста од вештачка интелигенција во модерирање на содржината бидејќи таа не може соодветно да ги регистрира и препознае сите нијанси на човечкиот говор. 

9 ноември 2021 - 11:42