Признанието доаѓа од новиот ЦЕО на ИКЕА, и дадено е додека човекот се фалеше како во изминатата фискална година (која им завршува на 31-ви август) имале продажба од вкупно 27,9 милијарди евра.
Со доволно самоувереност да поднесе судски документи, нафтениот гигант Ексон смета дека ги има ексклузивните права да постави две букви Х една до друга.
Иако не ниту привремена, ниту наметната референца, една кратенка предизвика сериозна забуна на Њујоршката берза. За нивна среќа целиот проблем се разреши со многу малку посредници и акциски планови.
Во април 2012-та Бразилецот Еике Батиста е еден од најбогатите луѓе на светот со 34,5 милијарди долари и план како да стане најбогатиот човек на светот. Од тогаш Батиста губи 99% од своето богатство.
Епл сега поседува 10% од сите пари во готовина што ги имаат американските корпорации (без финансиските институции). Заедничкото купче е околу 1.480 милијарди долари.
Во интервју за италијанските медиуми претседателот на Барила изјави дека не му е гајле за геј паровите, и ако тие имаат проблем со тоа слободно да јадат друг бренд на паста. Не оди тоа така.
Џон Мајнард Кејнз долго време ја цитира доктрината на Ленин дека најдобар начин да се сруши капитализмот е да се создаде хиперинфлација, по што неминовно следува револуција. Иако генерално елементите се тие, планот на Ленин има друг редослед.
Минатата среда Федералните резерви објавија редовна информација дека нема да го намалат купувањето на обврзници. Информацијата е објавена во Вашингтон во точно 14 часот, во Чикаго веста стига 7 милисекунди подоцна. Во овој период некој успева да направи мало богатство.
Кога стана градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг даде оставка на сите позиции во својата компанија (вклучувајќи и ЦЕО-о) за да може да му се посвети на градот. Три мандати подоцна и тој е побогат од кога и да е.
Клубовите од Премиер лигата летово на купување играчи потрошија 622 милиони долари повеќе отколку што заработија од продажба, разлика која можат да си ја дозволат заради парите што ги добиваат од Азија.
Бил Гејтс 20-та година по ред е најбогатиот човек во Америка и годинава успева да ја врати титулата најбогат во свет, а меѓу топ 10-те богаташи 6 се браќа и сестри кои меѓу себе делат над 210 милијарди долари.
На конференција на Форбс (Global CEO Conference) во Бали, пред 400-те најмоќни луѓе на светот, меѓу кои и 50 азиски милијардери, поранешниот ЦЕО на Епл, Џон Скали, раскажа како Стив Џобс добил отказ од компанијата што ја создал.
Целиот успех на компаниите да избегнат од плаќање на каков било данок се должи на тоа што законите за оданочување се стари над 100 години. Уредничката за економија на БиБиСи ја објаснува целата работа.
Не само што никогаш не виделе бел ден, го минуваат цел живот со илјадници други свињи, постојано добиваат некакви додатоци за да растат што е можно побрзо, сега американските свињи ќе треба да му ја мислат и на Кинезите.
Најк има огромен маркетинг буџет и галантно им потпишува милионски чекови на спортски супер ѕвезди. Пума за маркетинг одвојува уште повеќе од Најк. Дава и Адидас, но пропорционално, помалку од нив. Ама затоа германската фирма има други финти.
На здодевното и стручно прашање, која е разликата меѓу фискалната и монетарната политика, уредникот на еномомската редакција на Атлантик нашол фин начин да ни објасни, нам труповите.
Заедничкото за сите е што (скоро) никој не мисли дека со ова им прави лошо на децата, тука ако тие можеле тогаш и маливе треба да можат да се снајдат. Дел од нив дури и толку се трудат да ги раздадат сите пари што ги имаат, што се надеваат дека кога ќе умрат ќе имаат само доволно за да си платат за погребот.
Веста е дека Публицис и Омником со своето спојување ја креира веројатно најмоќната маркетинг компанија во светот. Проблемот е што со ова тие ги споија и своите клиенти, од кои добар дел не можат да се поднесат еден со друг.