Ова изгледаше како сериозен проблем на Фереро груп се до јули годинава кога објави дека купува 100% од Олтан Груп, компанијата на која отпаѓа една третина од турското производство на лешници.
Фереро и до сега беше најголемиот потрошувач на лешници, консумирајќи 25% од светското производство. Од друга страна Олтан груп има 5 производни капацитети кои извезуваат во ЕУ и останатите големи светски пазари, а годишните приходи од лешници им се движат околу 500 милиони долари.
Претходно во 2013-та, Фереро во Турција инвестираше околу 190 милиони долари во отворање на нова фабрика во Маниса.
Во април годинава, во рок од десетина дена (по невремето во Турција) цената на турскиот лешник порасна од 3.800 на над 7.000 фунти за тон.
Инаку, Нутела минатата година постави нов врв достигнувајќи продажба од 2,46 милијарди долари (заедно со другите производи Фереро направи вкупно 8,1 милијарда долари). Во САД на Нутела отпаѓаат 70% од продажбата на чоколадни кремови за мачкање.