Голдман Сакс е директно виновен за колапсот на финансискиот систем; банката беше најчесто споменуваната институција со која грчките власти се консултираат во врска со финансии во последните 20 години кои претходеа на кризата; поврзана е со падот на еврото; и е главен лобист против спречување на регулација на финансиските пазари.
Банката е формирана во Њујорк во 1868-ма и од тогаш репутацијата и успехот ги гради работејќи зад сцени како најзол холивудски негативец.
Денес Голдман Сакс е обвинета за: играње клучна улога во фијаското со евтините хипотеки, доведување на неколку конкуренти до банкрот, помагање на држави како Грција да го скрие својот дефицит пред да почнат да шпекулираат на нивниот пад, забрзување на падот на еврото, и влијаење на цените на основните продукти.
"И сепак Голдман Сакс излезе од оваа криза побогат и помоќен од кога и да е," пишува Ал-Џезира.