ИНтернационалната компанија за производи за масовна потрошувачка која е лоцирана во Синсинати ќе укине или продаде меѓу 90 и 100 свои бренда. Велат дека она што ќе го задржат и онака носи 95 проценти од сегашниот приход на компанијата.
"Ќе станеме многу поедноставна компанија, менаџирањето на фирмата ќе биде поедноставно и побрзо ќе носиме одлуки кои ќе нè водат во вистинска насока" изјави извршниот на Проктер кој објасни дека водењето премногу брендови не обезбедувало напредување на бизнисот.
Упростувањето на листата ќе трае две години.
Во април оваа година, компанијата веќе отфикари еден дел продавајќи ја палетата производи за домашни миленичиња за 2,9 милијарди долари.
Последните податоци велат дека и вака не им оди воопшто лошо бидејќи вкупниот приход пораснал за 37 проценти а продажбата е намалена за незначителен еден процент. Кумулативно тоа се фасцинантни бројки кои се движат околу 20 милијарди долари за еден годишен квартал.