Каде умираат непродадените автомобили

За да вадат профит автомобилските компании мораат да продолжат со одржување и зголемување на бројот на произведени автомобили. За да произведуваат автомобили треба да има побарувачка за истите, а нема. Решение: џиновски паркинзи.

Корпоративните математики и планирања на автомобилската индустрија завршуваат со милиони нови непродадени автомобили кои само седат на огромни паркинзи, напуштени тркачки патеки и аеродроми низ светот (САД, Британија, Шпанија, Италија, Русија...)

За да не ги уништи цените на останатите возила, на автомобилската индустрија и е поисплатливо само да ги паркира возилата, да не прави ништо со нив и до распаѓање да чека некој да посака да ги купи, отколку да им ја симне цената.

Во исто време тие не смеат да престанат да произведуваат бидејќи тоа ќе значи отпуштање на десетици илјади работници, што ќе значи продлабочување на рецесијата, плус ќе има домино ефект на производителите на железо, и сите други индустрии кои учествуваат во создавањето на автомобилските делови.

На краток период Кина беше излезот од оваа ситуација, меѓутоа производителите успеаа да го преполнат и овој пазар, па сега се воведува забрана увезување автомобили од САД.

Ова се паркинзите низ светот:

19 мај 2014 - 13:16