На ниво на пазар за спортска опрема Најк е број 1, со удел од 17% од светскиот пазар, а на второ место е Адидас со 12%. Ама кога се кај фудбалот, двете компании заедно држат 70% од пазарот, со таа разлика што лани од овој спорт Најк пријави продажба од 2,3 милијарди долари, а Адидас 2,7 милијарди долари.
На Мундијалот, Најк влезе со "Risk Everything," додека Адидас беше "All In or Nothing."
Најк беше решен да доминира на првенството и спонзорираше 10 од 32-та тимови, меѓу кои беа најголемите фаворити пред почетокот: Бразил, Англија Португалија, Франција и Холандија. За разлика од нив, Адидас имаше 9 репрезентации, меѓу кои Германија, Аргентина, Мексико и Колумбија.
Најк го имаше и најскапото спонзорство на фудбалер на Мундијалот, Португалецот Кристијано Роналдо со 8,35 милиони долари годишно (повеќе од него зема само Бекам од Адидас, 11,7 милиони долари, ама не играше на СП). Тие се спонзори и на Нејмар, со кој имаат 11-годишен договор, на 1 милион долари годишно.
Иако на хартија изгледаат доминантно (Роналдо, Иниеста, Руни), Најк имаше лошо првенство. Рибери беше повреден уште пред почетокот на Мундијалот и не заигра, а Руни, Иниеста и Роналдо изиграа катастрофално и си заминаа дома уште после првото коло. Дејвид Луиз беше капитен на Бразил во поразот од 7 - 1, а Нејмар заради повреда не заигра по четвртина финалето.
Наспроти нив се Адидас кои крајно пресметано влегоа во првенството со репрезентации како Германија и Аргентина, и фудбалери како Меси и Озил кои ги плаќаат 3,3 односно 4,9 милиони долари годишно. Со ваков распоред Адидас ги имаше двата тима кои го играа годинешното финале.
Една од главните разлики во функционирањето на двата бренда во фудбалот е што ЦЕО на Адидас е Херберт Хајнер, кој е претседател на надзорниот одбор на Баерн Минхен и детално ја разбира играта, додека Најк се американска компанија.
Освен што беа добри во изборот на спортисти, статистиките од социјалните мрежи покажаа дека Адидас се подобри во разбирање на тоа што го браат фановите, па за време на Мундијалот тие имале 150% поголем ангажман (ретвитови и фејвови) отколку пред почетокот. Кај Најк крајниот резултат бил -10%. Тука формулата на Адидас беше повеќе информации поврзани со играта и помалку само-промоција, додека Најк го направија спротивното.