Поентата е дека во моментот кога потрошувачот ќе почне да ги перцепира брендот како име на производот, а не негов ексклузивен извор, тогаш брендот почнува да има проблем.
Моментално ова е основата на судскиот спор меѓу синџирот на јувелирски продавници Тифани и ко. и синџирот супермаркети Костко. Судирот е што Костко почнал да продава "Тифани" венчални прстени. Костко во своја одбрана тврди дека заштитниот знак на Тифани повеќе не е валиден, бидејќи "Тифани" е генерички бренд за типот на прстени што тие го продаваат (се однесува на изгледот).
Со ваквите аргументи, Тифани е на добар пат да заврши како брендовите Ескалатор, Фризби, Џакузи, Јо-Јо и Термос.
Од друга страна Гугл за да не го изгуби брендот во генерички поим, има дефинирано правила за користење на сите свои заштитни знаци, кои во основа треба да го искоренат користењето на "google" како именка.
Слични мерки разгледуват и од Твитер, каде паниката е дека зборот "tweet" може да стане толку често користен што би се претворил во синоним за секој вид на коментар оставен на интернет.