Свет

Австралија ќе забрани социјални мрежи за деца под 16 години

Пристапот до социјалните мрежи во Австралија ќе биде уреден со нов закон и ограничен на 16+, а во тоа ќе треба да помогнат и самите платформи кои ќе бидат казнети доколку не соработуваат.

Совршеното стана непријател на доброто за Украина

Иако ни Трамп во претседателската дебата со Камала не сакаше јавно да спомне кое било решение за војната во Украина поразлично од декларирани украински позиции за враќање на границите од 1991, приватно дури и најблиските соработници на Бајден веруваат дека земјата ќе треба одново да дефинира што е тоа победа.

Победата на Трамп им донесе 64 милијарди долари на 10-те најбогати

Богатствата на десетте најбогати луѓе на светот пораснаа за рекордна дневна сума откако американските берзи збеснаа по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана

Јоав Галант повеќе не е министер за одбрана на Израел, откако изминатава година и кусур раководеше со целосната воена операција на земјата. Позицијата му е понудена на министерот за надворешни работи Израел Кац.

Дали Илон ќе биде мостот меѓу Трамп и Ши?

Од една страна Маск е еден од најголемите донатори на претседателската кампања на Трамп, од друга страна тој е и еден од најповластените странски инвеститори во Кина, каде пак се произведуваат половина од сите Тесла автомобили.

11.000 политички групи потрошиле 14,7 милијарди долари на изборите во САД

Бројките се од Федералниот изборен комитет, a во овие 11.000 групи влегуваат само оние кои потрошиле над 100.000 долари на изборите, со што се опфатени 99% целата потрошувачка на изборите.

Советскиот Т-72 е најдобриот тенк и Украина го знае тоа

Прв пат произведен во 1973, 50 години подоцна советскиот Т-72 останува севкупно подобар и поцелосен тенк од сè друго што која било страна во војната во Украина ќе го извади на бојното поле.

Трамп тргна кон воените хушкачи

Некои од најжестоките противници на Трамп сево ова време се републиканци кои не можат да ја поднесат неговата надворешна политика. Тој беше меѓу првите кои рекоа дека војната во Ирак беше грешка и често го повторуваше фактот дека во негов мандат не е започната ниту една војна во странство. Тоа уште не можат да му го простат а допрва планираат да прават пари од војни.

Година ќе пројде, мерак на запленети руски пари никогаш

Во најновата итерација на „да ги потрошиме запленетите руски пари“, Европската комисија размислува на префрлање на руски имот со цел да се поддржи заемот за Украина од 45 милијарди долари.

На Русија ѝ тргна во Украина

Откако речиси две години на фронтот двете страни главно напредуваат во педи, во октомври годинава Русија освојува најголема територија уште од летото 2022, откако украинските линии почнуваат да пукаат под константниот притисок, пишува Њујорк тајмс.

Планината Фуџи за прв пат без снег на крајот од октомври

Ова е најдоцна во годината што планината Фуџи била без снег откако Јапонците почнале да водат писмен есап за тоа пред 130 години. Обично снегот прв пат се појавува некаде на почетокот од октомври.

За граѓанска војна е потребна една четвртина?

На анкета спроведена на две недели пред изборите во САД, повеќе од една четвртина од испитаниците изјавиле дека стравуваат дека по претседателските избори ќе избие граѓанска војна во земјата.

Плиткоста на Камала доаѓа да ѝ наплати

На нешто повеќе од една недела до денот на изборите за претседател во САД, претседателската трка изгледа поблиска од кога било. А тоа е лоша вест за Камала Харис: до пред само еден месец таа имаше солидно и стабилно водство. Ама почна да вергла празни флоскули. Сè повеќе топ демократи се убедени дека Харис ќе изгуби.

Џорџа Мелони: Имам да те немам

Еден пакистански имам од Италија почнал на своите верски служби да станува сè поекстремен, до ниво да бара од верниците на секој начин да им се спротивстават на неверниците, да избегнуваат плаќање данок на државата и слично. Иако иманот е таму речиси 30 години, Џорџа Мелони веднаш потпишала декрет тој итно да биде протеран од Италија.     

Французин стави 45 милиони долари кладба дека Трамп ќе тепа

Непознато лице кое е идентификувано само како француски државјанин преку неколку сметки ставил 45 милиони долари на сајтот за кладење Полимаркет, дека Доналд Трамп ќе биде следниот претседател на САД.

Човек на британскиот премиер сака да го убие Твитер

Англија, а не Русија, е онаа која може да биде обвинета за вистинско странско мешање во изборите, сумираат Мат Таиби и Пол Такер, објавувајќи докази дека главните политички мешетари околу британскиот премиер Кир Стармер, во улога на изборни советници на Камала Харис, си дале приоритет „Да се убие Твитер на Маск.“

На изолирана Русија и дојде скоро половина свет

Во Русија се случува најголемиот собир на светски лидери од почетокот на инвазијата на Украина, и тоа со присуство на Ол стар екипа на лидери каква ретко кога е собрана во светот.

Пентагон ќе го полни интернетот со дип фејк лица

Командата за Специјални операции на САД бара компании кои ќе помогнат со вештачка интелигенција да се креираат непостоечки интернет личности кои ни луѓе ни компјутери нема да можат да откријат дека се лажни. Во документот на 76 страници протечен од Пентагон се вели дека овие „специјалци“ ќе се користат за најсофистицираните тајни воени операции.

Економист ја правда предноста на Трамп во нивните анкети

На две недели пред избори кандидатот на републиканците успеа да ги сврти анкетите и сега е во мала предност пред Камала за прв пат од август годинава, предност која и Економист мораше да ја признае.

Зеленски бара НАТО или нуклеарки

Образложувајќи ја својата позиција, Зеленски на состанокот со Трамп му порачал дека Украина треба или да биде примена во НАТО или да и биде дозволено да користи нуклеарно оружје за своја одбрана.

И Украина сака Америка да ја сака како Израел

Неделава САД распоредија напреден ПВО систем и своја војска во Израел за заштита од иранските балистички ракети. Ова е нешто што Украина веќе втора година упорно го бара од САД и упорно не го добива.

Калифорнија му забрани лансирање ракети на Илон заради твитање

Калифорниската крајбрежна комисија го одби планот на американската авијација да му се даде дозвола на Спејсикс да лансира до 50 ракети годишно од Вандерберг базата во Санта Барбара. Причина, твитовите на Илон.

Данска сапуница

Од данскиот буџет било платено за вештачката нога на еден нигериски мигрант. Мигрантот е поранешен пират, што тргнал да напаѓа брод на данската морнарица, и останал без нога во престрелката.

Русија е подготвена да ја нападне Германија до 2030

Алармот не доаѓа од каде било туку до германската Федерална разузнавачка служба, БНД, и не од кого било, туку од првиот човек, Бруно Кал, според кого најдоцна до 2030 руската војска ќе биде во позиција да го нападне НАТО.