Свет

Баксузот што изгуби 590 милиони долари

84-годишната Глорија Меккензи е добитничка на историски големата лото премија, и само заради тоа што извесна Минди Крандал решила во најлошиот момент во животот да биде учтива.

ЦИА не ни знае кого сè убива

Барак Обама најави дека ќе продолжи со контроверзниот програм за таргетирано убивање со беспилотни летала иако нарачателот ЦИА не секогаш знае кој точно е убиен.

Пораснуваме

Тајландската Влада започна кампања со која на своите граѓани од сите возрасти им препорачува да пијат барем една чаша млеко секој ден. Главна цел на кампањата е нацијата да порасне и тоа во висина. Таргетот е 8 сантими.

33 години CNN

Cable News Network неодамна наполни 33 години од своето постоење во кое 24/7 ги прави вестите глобални. Имаме избор на некои битни случувања фатени и обработени од екипите на оваа телевизија.

Салати за мир во куќа

Салатите носат меѓу 2 и 3% од вкупните приходи на МекДоналдс, меѓутоа и понатаму се на менито бидејќи тоа е полесно отколку да слушаат кенкање.

На Кина почна да и станува срам од Кинезите

Потписот на еден кинески тинејџер на илјадници години старата египетска палата Луксор, беше причина неговата татковина да почувствува срам пред светот.

Како да претвориш урбана дистопија во олимписки стадион

На 22-ри март полицијата на Рио се судри со демонстрантите пред стадионот Маракана, кои претходно добија известување од Владата дека нивните домови ќе бидат претворени во паркинг. Ова е само дел од немирите поврзани со преуредувањето на градот за Мундијалот и Олимпијадата.

Казиното со влезница од 1,6 милиони долари

Се наоѓа во Макао и тоа на 32-от кат од Галакси Макао казино и ресорт, едно е од најелитните ВИП казина во светот и веројатно ќе го гледаме само на слики.

Валканата тајна на Еверест

Неделава се прославуваат 60 години откако Едмунд Хилари го искачи Монт Еверест. Од тогаш стотици луѓе го качија врвот, секој придонесувајќи за создавање на највисоката депонија на светот.

Ако не ги вработите младите, чекајте револуција

Пораката е од германскиот министер за финансии, според кој постои "јасна можност за револуција" и ова се однесува на целата Унија.

Како работи Ејч - Арот на Ал Каеда

Како и секоја друга организација/компанија, и Ал Каеда мора да се справува со онакви проблеми кои обично ги решаваат кадровите одделенија, по ново наречени ејч ар илити хјуман рисорсис (боже, колку незграпни термини). Писмо на терористичката организација ни открива како HR-ot на Ал Каеда се справува со проблематичните работници. 

Кина ги има сите тајни на американската армија

Комплетните нацрти, дизајни и функционирање на десетина најнови американски оружја и системи, завршија во фолдер на компјутер на кинеските хакери.

Камерите што полнат буџет

Само топ 10-те сообраќајни камери во Вашингтон годишно издаваат 29,5 милиони долари казни за сообраќајни прекршоци.

Крвта е додадена или одземена?

Да ви покажеме две видеа од убиството со мачета во Лондон по кое црепот даде интервју.

Видеото што го блокираше ЈуТјуб во Таџикистан

Претседателот на Таџикистан побара ЈуТјуб да се забрани во целата земја, не затоа што не му се гледа ЈуТјуб, туку затоа што не сака други да го гледаат него на ЈуТјуб.

„Вистинскиот“ претседател го тужи Обама

Да го тужиш Обама дека ти ги украл изборите (а да не си Мит Ромни) мора да значи дека си некој разигран лик. Токму таков е Кит Џад само што не може многу да се разигра бидејќи во моментов служи затвор од 17 и кусур години. Заради многу интересна причина.

За убиениот војник во Лондон и по него

Ако јас сум вегетаријанец и изедам 2.000 хамбургери во име на вегетаријанството, јас повеќе не сум вегетаријанец екстремист - бидејќи направив нешто што е против целиот концепт на практикување вегетаријанство.

Жената што ви ги уништи сите оправданија

На секое идно "не можам" или "не може ова да се направи" нека ви текне дека жена без една нога се искачи на Монт Еверест.

Кога ќе в странство појдете

Пред празник кој многумина Кинези го користат туристички да отпатуваат во странство, висок функционер на КПК порача кога ќе одат надвор да не бидат сељаци и да ја брукаат земјата.

Бизнисот на одржување ред и мир

Се проценува дека во Кина годишно има над 180.000 протести, бројка која повлекува околу 125 милијарди долари секоја година на опрема за немири и "одржување на стабилност."

Револуција која се рола

Во која тоа земја луѓето се тепаат за тоалетна хартијa, а да не сме ние кога ни се отвора некој нов мол? Диме од Пехчево би рекол: Венецуела е бе, Трендо.

Правдата е спора но бавна

Американските претседателски избори во 2000-та година беа доведени во толкав ќорсокак што дилемата мораше да ја разреши Врховниот суд кој донесе одлука во полза на Џорџ Буш. 13 години подоцна, судиите се пишманат. 

Не е само бело во Колумбија

Венецуела е земјата во која бензинот е многу поевтин од вода, и чини околу 5 центи. До неа е Колумбија, земја во која бензинот чини над 2 долара. Ова не поминува така.

Шверцот на кофи со пилешко

Нелегалните тунели од Газа за Египет се клучни за преживувањето на Палестинците кои официјално се под блокада за увоз на странски производи и од Израел и од Египет. Една од најлуксузните стоки што се шверцува низ тунелите се кофи со пилешко од КФЦ.