Свет

Карлос Слим исмеан од "соросоиди"

50-тина активисти кои се противат на начинот на кој Карлос Слим го заработува своето богатство, навежбани го начекаа неговото излагање во њујоршката јавна библиотека и половина час му се смееа на она што го говори.

Домаќине, униформирани гости ти дојдоа

Во она што се нарекува "третиот свет" никако да се средат работите. Полициските сили се брутални и непотребно агресивни, никако да ги научат границите на своите овластувања, граѓаните живеат во неизвесност кога некој од нив ќе им упадне во куќа... Одиме во Калифорнија.

 

И во САД најпрофитабилно е да бидеш Влада

Знаете ли кој во САД направил повеќе пари од Шеврон (26 милијарди), Епл ( 41,7 милијарди) и Ексон (44,9 милијарди). Агенцијата која дава студентски кредити.

Што мислат Европјаните едни за други

Интересно истражување на тема стереотипи за браќата и сестрите од  другите земји во Европската Унија. Да речеме, Германците имаат ужасно лоша репутација меѓу Грците но тоа не им пречи на нашите јужни соседи да сметаат дека од сите, најмногу може да им се верува на Германците.

Цехот за еден ранет американски војник

Во војните во Ирак и Авганистан, Американците официјално имаат 866.181 ранет војник, на долг рок секој од нив во медицински трошоци ќе ги чини по 2 милиона долари.

Штета што сме мали, а не сме Мали

Наспроти нашата дведецениска илузија дека секогаш сме некаде во врвот на приоритетите нa Европската Унија, во моментов нејзините главешини се окупирани со планот да и се дадат половина милијарда евра на африканската држава Мали.

За што се согласуваат Американците?

Општествениот консензус е рбетот кој ја држи заедницата. Честопати тргнат на маргините на дебатите, во име на различноста која е нагласена од политичката битка. Галуп и други големи истражувања ги утврдиле овие точки по кои барем 90 проценти од американското општество се согласува.

Ве лажеле дека комунистите ве лажеле

Постигнувајќи 27 процентна стапка, Шпанија одново го сруши својот рекорд на невработеност, со дневен ритам од 500 загубени работни места. Истовремено, во срцето на Андалузија пркосно опстојува едно гратче во кое нема ниту еден невработен. 

Плажи, самба и сериозно бесна полиција

За тие што не паметат од пред две години и за сите останати, бразилската полиција реши да потсети дека нема страв од никого, па ни од авиони.

Урбано, урбано

Какво е чувството да дојдеш во градот во кој си се родил, пораснал и живеел и да се соочиш со некои нови сограѓани кои ти тврдат дека си гола затоа што немаш бурка и дека ако твојата земја не ги почитува нивните правила, треба да изгори во пеколот. Лутон, Велика Британија.

Како ве гуглаат тајните служби

Американската Национална агенција за безбедност (NSA) собира милиони мејлови и телефонски разговори од своите граѓани, но и покрај ова отвора и Гугл за да го најде она што и треба. Имаат и прирачник за пребарување.

Ескорт девојките од 40.000 долари од вечер

Бизнисменот - и многу близок пријател на семејството Гадафи - кој во 2007-ма беше обвинет дека за време на Канскиот фестивал ги преплавува хотелите и јахтите со проститутки, раскажува за тајните на ескортите од Кан.

Правдата е... предмет на преговори

"Имало правда!", со олеснување издишаа илјадници работници кои останаа на улица откако првиот човек на најголемата корпоративна пљачка во историја беше репнат со 24 годишна затворска казна. Во моментов, истиот тој преговара со државата да излезе едно десет години порано. 

Евроскептик во Бугарија

Најџел Фараж е најгласниот британски противник на евробирократијата (го имаме овде). Најголем негов кошмар е годинешното дигање на бариерите по што очекува нова река Бугари и Романци дополнително да ја влошат состојбата во неговата земја. Знаејќи ги неговите политички стравови, новинар на англискиот Мирор му предлага: А да те носам во Бугарија? И Фараж прифаќа. Еве ја репортажата.

Што е полиција без Астон Мартин

Во походот по реновирање на возилата и создавање на најбесниот полициски возен парк во светот, Дубаи одлучи да го испочитува Џејмс Бондот во себе, и по Ламборџинито да купи и Астон Мартин.

Економија на зависност

Услужната економија во последните години се повеќе се шири на животни области во кои некогаш преовладуваа неформални облици на помош и совети од членовите на семејствата.

Како е да се биде на "тешка робија" во Северна Кореја

Минатата недела еден американски државјанин беше осуден на 15 години тешка робија во Северна Кореја. Казна што тука е многу поразлична отколку во остатокот од светот.

Народот што крена оружје против картелите и државата

На 5-ти јануари во Ел Потеро, мало гратче во мексиканската држава Гуереро, беше киднапиран маж по име Еузебио Гарсија Алварадо. Уште едно меѓу илјадниците киднапирања во Мексико. Меѓутоа начинот и дрскоста што криминалците ја покажаа при неговото киднапирање ги турна неговите сограѓани во герилска војна против картелите.

Наркобосот што е поефикасен од Епл

"Ел Чапо" Гузман, шефот на еден од најуспешните и најозлогласените нарко-картели во Мексико, кој паралелно со ужасите и стравот го создаде и еден од најефикасните синџири на снабдување во корпоративната историја.

Партијата на крадци, криминалци и Путин

Половина од Русите сметаат дека партијата на Путин се "криминалци и крадци," на опозицијата не и јасно што мисли другата полова.

Дали торбите полни пари кога било и завршиле работа на ЦИА?

Њујорк Тајмс ја објави веста дека ЦИА му истурала десетици милиони долари на Хамид Карзаи. Исплатите во готовина пристигнувале во актовки, ранци и пластични кеси. Ама колку помогнаа?

Еден по еден...

Припадник на морнаричките Фоки загинал, а друг е повреден за време на воени вежби во Аризона. Загинатиот е член на легендарниот ТИМ 6.

Високата човечка цена на евтините маици

Повеќе од 3.000 луѓе работеа на производството на евтини маици за европските компании, кога се сруши зграда во Бангладеш. Стотици умреа бидејќи објектот ги немаше ниту најосновните безбедносни стандарди.

Кој што ѝ подарува на Америка

Обама го објави списокот на подароци што тој и луѓето од администрацијата (во 2011.) го добиле на подарок од странски функционери. Од нас добиле неколку дена викенд.