Додека траат натегањата меѓу Грција и ЕУ околу враќање на парите, кои моментално се некаде во сферата "јас имав мака што ти побарав пари, ти што мака имаше да ми ги дадеш," се разгледува и за сега најстрашната опција - напуштање на еврото.
Со страв и цврста рака Исламската држава лесно го воспостави посакуваниот дрес-код кај жените во териториите кои ги контролира. Но, бидејќи дисциплината е нешто што постојано треба да се вежба, сега се бара носење на двојно поставени бурки.
Гледам како сунитското малцинство во Ирак и сунитското мнозинство во Сирија се под опсада од Шиитите. ИСИС е единствената успешна сунитска група која им се спротивставува на Шиитите. Голем дел од арапските Сунити барем пасивно го поддржуваат ИСИС, не затоа што ја поддржуваат нивната екстремна идеологија, туку затоа што сакаат Сунитите да излезат како победници.
Моментално има валута што е во слободен пад, економија која рапидно се намалува и држава која е под меѓународни санкции, ама од негова перспектива, цело ова време Путин победува.
Народните партии и од левицата и од десницата на европските избори од минатиот мај освоија околу една четвртина од местата. Според Економист ова само го зголеми стравот од формирање про-руски блок во Стразбур.
"Растете зеленчук во оранжерии!" е еден од најновата реколта политички слогани кои ги произведе идеолошката елита на Северна Кореја. А ги има преку триста, за секоја тема од животот која на човека може да му падне на памет. Малку е проблем што во цела држава човек никаде не може да најде материјал за оранжерија.
Во описот на задолженија (или мераци) на ЦИА е да има и психолошки профили и дијагнози за светските лидери. И ова не им е ништо скорешно, водат есап уште од времето на Хитлер.
За да може во буџетот да има дополнителни 7% пари за трошење на домашни проекти (социјално, училишта и сл.), Обама се обиде да ги одоброволи републиканците дозволувајќи им раст од 7% на буџетот за армијата. На републиканците не им се допаѓа првиот дел, со вториот се ОК.
Претходните брутални егзекуции успеваа да ја постигнат намерата да го шокираат и уплашат нивниот непријате. Ama со последното палење на јорданскиот пилот, ИСИС изгледа малку се прееба.
По четири месеци курдските борци (со помош на воздушни напади од САД) успеваат да го ослободат Кобане од опсадата на ИСИС. Од местото на настанот твита Квентин Самервил, репортерот на БиБиСи.
Главниот уредник на Форин Афеарс на 20-ти јануари седнува на разговор со сирискиот претседател во Дамаск, за да зборуваат за конфликтот во земјата кој наскоро ќе влезе во својата 5-та година.
"Економијата им е ужасна, ама не можеш да кренеш глава од убави жени," ја доловува ситуацијата во Украина Пекинг њуз, државен сајт, според кој Украинките се решение за кинескиот дефицит на жени.
Трети држави е многу поверојатно да интервенираат во граѓанска војна кога конфликтот е во подрачје богато со нафта. Ова е точно дури и кога како мотивација предвид ќе се земат хуманитарни кризи и геноцид. Или - зошто никој не интервенира во Африка.
Во битките во регионот на Донецк, руските војници и паравојници заробуваат неколку украински војници. Ова се случува откако од боиштето ги носат во градот.
Од 2000-та над 27.000 мигранти и бегалци умреа обедувајќи се да стигнат (и влезат) во Европа. Од тогаш до сега Европа троши стотици милиони евра за поуспешно да ги барикадира своите граници.
Актуелниот претседател на Кина како ретко кој свои претходник е решен да се справи со корупцијата во земјата, и притоа има пристап - кого удрам не жалам. Ова се некои од функционерите кои тој ги прежали.
Се вика Салман бин Абдул-Азиз Ал Сауд, полубрат е на починатиот крал Абдула и до вчера Министер за одбрана на Саудиска Арабија. Инаку речиси 50 години мина како гувернер на Ријад, а неслужбено е главниот медијатор на споровите во рамките на кралското семејство.
Секој шведски државјанин на привремена работа во ИСИС, ќе добие помош од психолог и државно вработување ако го остави оружјето и се врати во земјата. Понудата е од шведскиот град Еребру.
Во известувањето околу Шарли ебдо, Фокс њуз има неколку сегменти во кои зборува дека цели населби во Париз се под шеријат и се забранети за пристап за не-муслимани. Фокс подоцна 5 пати се извинија за ова. Без разлика, Французите се најдоа доволно навредени за да најават дека ќе го тужат Фокс.