Извештај од ослободено Кобане со твитови

По четири месеци курдските борци (со помош на воздушни напади од САД) успеваат да го ослободат Кобане од опсадата на ИСИС. Од местото на настанот твита Квентин Самервил, репортерот на БиБиСи.

Процените се дека во Кобане загинуваат неколку стотини Курди и над 1.000 членови на ИСИС. Добар дел од градот е речиси срамнет со земја, во најголем дел од американските воздушни напади, кои беа неопходни во битките.

И покрај победата ИСИС пак се во близина, на околу 8 километри од Кобане. Сега следна цел на Курдите е да го протераат ИСИС од сите села во околината на градот.

3 февруари 2015 - 11:29