Претставник на сепаратистите од отцепениот а непризнат а подржан од Русија Донецк соопшти дека претставници од Тексас биле повикани на престојниот самит на непризнати држави во светот кој ќе се одржува кај нив.
Александар Кофман изјавил дека на самитот, меѓу другите се повикани да учествуваат и делегати од шпанска Баскија, белгијска Фландрија и Венеција, Италија. Косово, кое е признато од 108 држави но не и од Русија не било спомнато како евентуален гостин на самитот.
Прашан дали во Тексас постои некаква симпатија за државотворните амбиции на про-руските Украинци, Кофман изјавил дека не се работи само за симпатии туку дека од Тексас добиле полна поддршка за напорите на Донецк.
Според последното истражување на јавното мислење, 18 проценти од граѓаните на Тексас се за отцепување на оваа држава од американската федерација.